Инфлуенсерите кукаат по одземените лајкови

„Сега треба да работам по 8 саати.”

Инстаграм размислува сосема да ги укине лајковите, што се разбира, наидува на пискотници, јад и чемер од огромната заедница на инфлуенсери ширум светот.

Лајковите се укинати пробно во Канада, Австралија, Нов Зеланд, Ирска, Италија, Јапонија и Бразил.

До толку е страшно, што анонимен инфлуенсер се јавил во радио-емисија да се жали, и тоа: „Порано работев по шест часа неделно, но сега морам осум затоа што лајковите пропаѓаат!”

За себе вели дека има 205.000 следачи и откако се случила промената, добивала „едвај 1200 лајкови дневно.”

Објаснува дека работи и друга работа со полно работно време, но значителна сума на пари заработува од „влијаење” - а лајковите се клучен елемент.

„Заработувам и од авио-компании. Така те спонзорираат и добиваш бесплатни летови. За секои 1000 лајкови, добиваме околу 1000 австралиски долари. Се зависи од брендот и колку е инфлуенсерот популарен и колку лајкови и следачи има.”

На Инстаграм филозофијата е „средина со помалку притисок” и „помалку да изгледа како натпревар бидејќи корисниците ќе можат да видат кој им го лајкнал постот, но нема да можат да видат колку лајкови имаат другите. Ова сигурно ќе има големо влијание на инфлуенсерите кои се потпираат на лајкови, не само на број на следачи, и ги користат како доказ за ангажираноста на нивната публика пред потенцијалните спонзори.

А овде ја имате Микаела Теста, инфлуенсерката што проплака по лајковите.

24 јули 2019 - 21:25