Кога мислиш дека стареење ти е океј, ама...

Некаде во 2010-та година, Нора Тејлор, уредник за партнерства на еден моден блог, стои во група од потресени 22-годишни стажантки на „пијачка од работа”. Доаѓа шефицата што има 40 години и се шали со: „Имам 40 и сингл сум, ама не се давам! Ќе ставам ботокс, ќе тренирам, ќе правам што и да е!” Нив им е незгодно. А на Тејлор, сега, 10 години подоцна, ѝ е уште понезгодно.

„Со другарка ми си одевме од таму и кратко го дискутиравме моментот,” почнува со излагањето на тема стареење и со зелениот заклучок за ситуацијата. „Си рековме, ‘Аман, тоа е само стареење!’ Може бевме шворц и под стрес и несигурни, но знаевме каква ќе ни биде иднината и сигурно немаше да биде таква. Јас имав кежуал однос со мојот изглед бидејќи и самата сум многу кежуал и си мислев, нема да се замарам.

Речиси деценија подоцна, за прв пат, не само што станувам повозрасна, туку и стареам, а ми се чини дека сум во цветот на младоста. Колку неправедно! Бев несигурна во себе во средно и од таа чудна фаза излегов на грациозната возраст од… Што знам, 24? И оттогаш ми е уште поудобно во сопствената кожа. Ама баш кога помислив дека се навикнувам на себе, почнав да си ги забележувам брчките на челото кога ќе ги кренам веѓите. Или како белите влакна ми се собираат на една точка од главата. Стискам палци да се направат цел прамен, ама не спијам на тоа уво.

Ама не е само козметички! О, не. Колкот ме боли цело време. Едвај некогаш ми бараат лична карта. Ме мори фактот што немам никаков план за пензиско. Имам повеќе пријатели во брак отколку сингл. Се плашам да не изедам премногу чија семки. Се секирам дека секогаш кога разговарам со мајка ми на телефон, тоа ни е последен разговор. Се секирам дека не внесувам доволно калциум. Се плашам дека никогаш нема да престанам да бидам себична. Се плашам дека ќе станам предмет на сожалување. Се плашам дека нема да престанам да се плашам.

О, па видете. Изгледа баш се замарам.

Дел од благата паника ми е што, кога ќе видам брчки, гледам физичка манифестација на изгубено време. Не бев некој вундеркинд, јасно ми беше тоа многу рано. И лутав професионално за да откријам што сакам, или да соберам храброст да работам тоа што сакам. Иако знам дека 22-годишната јас немаше да се снајде во Њујорк, или со работа во медиуми, не можам да го избегнам чувството дека ми се затвора прозорецот на младоста и дека можеби предолго сум чекала за да скокнам. Ја оплакувам загубата на тој простор каде што не се чувствував како да заостанувам (иако понекогаш е така), но не бев ни заклучена таму (иако, повторно, понекогаш сум).

Значи да, непријатно ми е она што брчките го претставуваат, но искрено, не сум воодушевена ни од самите брчки. Кога ќе размислам, многу сум суетна за мојот изглед, односно мислам дека можам да си дозволам да не го мислам толку - па фактот што на ова му обрнувам внимание е вознемирувачки. Зошто го мислам? Како девојка што никогаш не била „слатка” или со „младешки сјај”, не мислам дека мојот пад од естетската милост ќе биде страшен. Плус, кога размислувам за работите што вистински ме плашат во иднина, лицето ми е многу ниско на списокот. Но, нели ќе беше полесно да се секирам за работите ако изгледав помладо? Можеби, можеби не. Но, ако се вадам од памет за изгубено време, ми изгледа дека поважно прашање од моите брчки е исправање на некои недоразбирања во врска со себе. Да откривам што за мене значи фин живот, што друго би сакала освен површни докази за успех.

Една друга жена на мојата прва работа, која ми го создаде калапот за начинот на кој една жена може да води, еднаш на состанок кажа:

„На одредена возраст, се будиш и си мислиш, пак ли јас? Тогаш, тоа ме нажали. Мислам дека уште ми е така. Затоа што иако сега повеќе го разбирам тоа, сепак се будам среќна што го исполнувам телото и просторот што ги исполнувам, мислам делумно и затоа што беше тешко да се стигне до тука. Кога ќе размислам, не ми се откажува од сакање себеси сè уште. Па, ако брчките, белите влакна и стравовите се сè уште тука и ме потсетуваат дека доволно ми се допаѓа тоа што го имам за да се грижам да не ми избега, можеби тоа е добро. Ќе ме натера да ги буткам напред нештата што ги сакам и да го ценам тоа што го имам затоа што, на крај, сите ќе умреме, па зошто да не ги кревам веѓите без око да ми трепне?

-Нора Тејлор

24 јули 2019 - 00:51