Прв воените злосторства на руските сили во Украина ги спомена Зеленски, сега неговиот став добива на сила и поддршка. Литванија веќе размислува за „Хашки трибунал“ за Украина. Други потсетуваат дека може треба да се оди по ред.
Само по еден ден од инвазијата, Русија контролираше речиси една третина од светскиот извоз на пченица, три-четвртини од светскиот извоз на сончогледово масло и значителни количини јачмен, соја и други житарки. Згора на ова само на Украина отпаѓа 16% од светскиот извоз на пченка, пишува Политико.
Не по сопствен избор ЕУ ќе успее да блокира само половина од резервите што ги има Централната банка на Русија, бидејќи другите им се недостапни. Слично е и со исклучувањето од СВИФТ кое ќе биде делумно.
Инспирирана од последните случувања во нивното соседство, Германија објави план за поставување на „специјален фонд“ со кој ќе се приоритизира трошењето за подобро опремување на германската војска.
За озлогласениот батаљон Азов на Фејсбук не смееше да се зуцне уште од 2019 година а овие украински нео-нацисти беа категоризирани во иста група како Исламската држава или Кју Клукс Клан. Сега ќе може да бидат и пофалени, ако е тоа поврзано со Русите.
Уште кога беше амбасадор во Москва (пред 13 години), сегашниот директор на ЦИА има испратено депеша дека Украина во НАТО ќе значи пречекорување на руските црвeни линии и дека кога Путин ќе каже ЊЕТ, тоа значи ЊЕТ. Запад го игнорираше тоа и продолжи со карикатурално портретирање на рускиот претседател.
Слично на вицот за видовњакот што не можел да предвиди дека ќе биде удрен од кола, првиот човек на германското разузнавање заглавил во Киев откако бил изненаден од руската инвазија на земјата.
Русија и Украина можеа да ги средат односите како САД и Канада ама некому му одговараше да флертува со украинските нацисти за Украина да биде монокултурна, милитаризирана и трајно непријателска кон Русија, пишува поранашен амбасадор на Австралија во Полска. Путин, Макрон и Шолц бараа излез но не можеа да ја спречат будалестата решителност на Вашингтон и Киев да се испровоцира руската мечка.
Додека уште не се забрефтани битките за одбрана/освојување на стратешките воени и урбани центри на Украина, сред Црното море на едно сосема небитно парче земја познато како Змискиот остров 13 украински војници го отслужија својот последен ден за Украина.
„Украина е оставена сама. Кој сака да се бори за нас? Не гледам такви,“ ќе изјави украинскиот претседател на синоќешната прес-конференција на која објави дека 137 украински војници загинале во борбите со руската армија, а 316 биле ранети.
Главнината на санкциите што ги објави Џонсон се против вообичаените ентитети: руските банки, овој пат речиси сите, милијардери на власт и околу Путин, и воената и нафтената индустрија. Нешто сличен список извади и Бајден.
Направете забранета зона за летови над Украина за да ни даде можност да се бориме на земја, ќе побара утрово украинскиот парламентарец Алексеј Гончаренко во интервју за Фокс њуз. Неколку часа подоцна во Брисел истото го побараа и украинските дипломати.
Путин што го анектираше Крим се грижеше што ќе се случува утре. Путин што ја објави инвазијата на Украина се грижи што за него ќе пишува во учебниците по историја.
Во телевизиско обраќање во 05:55 часот по московско време (03:55 македонско) Путин објави дека влегува во Украина. Од тогаш руските воени операции (гранатирање, десанти и освојување) не се застанати, а Западот не е престанат да му кажува на Путин дека ова што го прави не е убаво.
Рано сабајлево, Путин во телевизиско обраќање објави дека Русија започнува „специјална воена операција во Донбас“. Истата оваа операција САД, Западот и Украина, ја прогласија за почеток на руската инвазија на Украина. На терен колони руски тенкови ја минуваат границата со Украина, а руските проектили гранатираат десетици мети низ земјата.
Кошмарниот исход е дека Европа ќе и воведе сериозни санкции на Русија, и на крај пак кај нив ќе заврши сметката за покривање на татнежот и тркалањето на руската воена машинерија на истокот од континентот.
Веројатно сосема нов круг на пекол е она што Украина го минува периодов додека од една страна треба да ја гледа Русија како константно и одзема територија, а од друга страна не смее да мрдне и треба да е задоволна од тоа што овие што најмногу треба да помогнат се пресреќни од симболичните потези и одлуки, од типот „многу строги санкции“ и „спремаме уште построги“.