Фејсбук дозволи фалење на украинскиот нео-наци батаљон

За озлогласениот батаљон Азов на Фејсбук не смееше да се зуцне уште од 2019 година а овие украински нео-нацисти беа категоризирани во иста група како Исламската држава или Кју Клукс Клан. Сега ќе може да бидат и пофалени, ако е тоа поврзано со Русите.

Фејсбук привремено ќе им дозволи на своите милијарди корисници да го фалат Азов баталјонот, украинска неонацистичка воена единица за која претходно беше забрането слободно да се дискутира согласно политиката на компанијата за опасни поединци и организации, дознава Интерсепт.

Промената на политиката, направена оваа недела, е поврзана со тековната руска инвазија на Украина и воената ескалација. Баталјонот Азов, кој функционира како вооружено крило на поширокото украинско националистичко движење Азов, започна како доброволна антируска милиција пред формално да се приклучи на Украинската национална гарда во 2014 година; озлогласени се по својот хардкор десничарски ултранационализам и неонацистичката идеологија.

Иако последниве години ги минимизираа своите неонацистички симпатии, афинитетите на групата не се спорни ниту пак суптилни: војниците од Азов маршираат и тренираат облечени во униформи со икони на Третиот Рајх а првиот командант на баталјонот и поранешен украински парламентарец, Андриј Билецки, изјави дека цел на Украина е „да ги води белите раси во светот во последната крстоносна војна... против подлуѓето (Untermenschen) предводени од Семитите“.

Според интерните документи на Фаејсбук до кои дошол Интерсепт „ќе биде дозволено фалење и поддршка за Азов кога експлицитно се зборува за нивната улога во одбраната на Украина или нивната ролја како дел од националната гарда“. Нивните модератори добиле и примери кои во иднина треба да ги сметаат за прифатливи, од типот „Доброволците на Азов се вистински херои, тие се толку потребна поддршка на нашата национална гарда“, „Ние сме нападнати, Азов го брани нашиот град веќе 6 часа“ или „Јас мислам дека Азов има патриотска улога во оваа криза“.

Фејсбук ги потврдил новите правила но не сакале да одговараат на прашања.

Официјалната забрана на Фејсбук на Азов започна во 2019 година, кога батаљонот, заедно со неколку поврзани поединци како Билецки, беа ставени на најригорозната црна листа, категоризирани во истата група како Исламската држава и Кју Клукс Клан.

Извештајот на Канцеларијата на Високиот комесаријат за човекови права на Обединетите нации од 2016 година покажа дека војниците на Азов силувале и мачеле цивили за време на руската инвазија на Украина во 2014 година.

Ова нивно изземање дополнително ќе направи конфузија меѓу модераторите на Фејсбук кои ќе мора да се справат со контрадикторни правила: од една страна, битките на Азов со Русите се дозволени, но во истата нова политика се вели дека секое фалење на насилство направено од групата е забрането.

Па нека најдат невоена акција на Азов.

 

 

 

 

27 февруари 2022 - 15:30