Ваквото руско ставање шепа врз производството на жито потсетува на енергетската доминација што ја има земјата, но според Политико тука разликата е што „производството на житарки не може да биде инстантно зголемено на ист начин како производството на нафта и гас, па дури и сериозно проширување нема да надомести за обемот на земјоделско производство што Русија сега го контролира директно или индиректно“.
Тоа што е запоставено во известувањето од руската инвазија е дека Русија паралелно со освојувањето на урбаните центри низ Украина, го комплетира запоседнувањето на житните пространства за земјата и транспортната инфраструктура.
„Критично е што Русија не мора целосно да ги контролира ни украинските земјоделски површини за да го злоупотреби синџирот на снабдување во своја корист,“ објаснуваат Иан Ралби, Дејвид Соуд и Рохини Ралби, во текстот за Политико.
Покажувајќи мапа на Црното море, тие посочуваат дека Русија треба да освои само две точки за да го контролира украинскиот извоз на житарки:
- Керчкиот теснец кој ги спојува Црното море и Азовото море.
- 17-те пристаништа во и околу Одеса.
Русија уште минатата недела го затвори пристапот на Азовото море.
Процената на авторите е дека има „неколку веројатни и меѓусебно неисклучиви следни чекори за Путин“:
- Проширување на руската хегемонија и осигурување на признавање на нејзините интереси во Украина, преку уценување на државите кои зависат од украинскиот извоз.
- Таргетирање на одредени држави на енергетски конфликт како дистракција и истоштување на руските противници.
- Продолжување со освојување на други не-НАТО држави и нивните синџири на снабдување.
- Искористување на пактот со Кина за одвлекување на државите од западното влијание.
- Барање Кина да ги признае териториите освоени од Русија во замена за руско признавање на кинеските интереси околу Тајван.
Нивната препорака е САД и НАТО додека можат да обрнат внимание на глобалните ланци на снабдување, за што според нив се потребни сите три следни чекори:
- Предизвикување раскол меѓу Русија и Кина, со тоа што на Кина ќе и стане непријатна врската со Русија.
- Собирање залихи од храна за да им се помогне на државите кои се најзависни од украинскиот извоз, а во меѓувреме да се гарантира економската сувереност и преживување на Украина.
- Да се следат поморските движење на Русија - воени и комерцијални - и да бидат подготвени да реагираат на нив.