Блокирањето на банкарските резерви е дел од новите санкции што ЕУ и ги наметна на Русија околу инвазијата на Украина, а по ново дополнителни санкции ќе јаде и Белорусија.
Запрашан зошто ќе блокира само половина од парите, првиот дипломат на ЕУ, Јосеп Борел, објасни дека само толкав дел од резервата на Руската централна банка им е достапен.
„Не може да ги блокираме резервите на руската банка во Москва... или во Кина.
Изминативе години Русија се повеќе и повеќе своите резерви ги ставаше во земји во кои не би можеле да ги блокираме.
Русија се подготвуваше, финансиски,“ изјавил Борел.
На крајот од јануари резервите на руската Централна банка изнесуваа околу 630 милијарди долари.
Утрово Централната банка ги крена каматните стапки од 9,5 на 20% со цел да спречи девалвација на рубљата и повисока инфлација, плус им нареди на компаниите да продадат 80% од своите приходи во странски валути, бидејќи „надворешните услови за руската економија се драстично променети“.
Објаснувањето за тоа зошто Русија не е целосно скината од СВИФТ е дека искуствата на ЕУ покажале дека треба да се остави минимална конекција меѓу двата финансиски системи како би им се овозможило на луѓето да испраќаат пари на своите роднини или да плаќаат за некои неопходности.
„Степенот на дисконектирање е внимателно калибриран за да нанесе максимум штета на рускиот финансиски систем, додека истовремено одржува минимум интерконекција со другите финансиски системи,“ изјавуваат дипломатските претставници на Унијата.
Вон дер Лејен објави и дека ЕУ ќе финансира купување на оружје за Украина во вредност од 450 милиони евра. Ова беше објавено на ист ден кога Шолц објави дека Германија годинава ќе инвестира 100 милијарди евра во своето вооружување.
Во санкциите ЕУ одлучи целосно да го цензурира емитувањето на РТ и Спутник на територија на Унијата заради дезинформации.