Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Преговорите меѓу Русија и Украина започнуваат во 10 часот

28 февруари 2022
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • По вчерашниот неуспешен почеток, денес украинската делегација се очекува да се појави на преговорите во белоруски Гомел, закажани за 12 часот по белоруско (или 10:00 по македонско) време.
  • Украина се согласи на преговори со Русија „без никакви предуслови“.
  • Во обраќањето, украинскиот претседател Зеленски порача дека не очекува успех на преговорите, ама „остави ги нека пробаат за утре граѓаните на Украина да не се сомневаат дека јас, како претседател, не сум се обидел да ја запрам војната“.
  • Градот Гомел се наоѓа во близина на белоруско-украинската граница и беше избрана од украинска страна како место за одржување на преговорите.
  • Преговарачи од укранска страна се:

    Министерот за одбрана Олекси Резников.
    Заменик министерот за надворешни работи Николај Точитскиј.
    Советникот на кабинетот на претседателот, Михаил Подолјак.
    Координаторот на владејачката партија „Слуга на народот, Давид Архамија.
    Пратеникот, Илми Умеров.
    Првиот заменик во украинската делегација во тринстраната контакт група, Андреј Костин.
  • Од руска страна се:

    Помошникот на претседателот на Руската федерација, Владимир Мединскиј.
    Рускиот амбасадор во Белорусија, Борис Грјизлов.
    Претседателот на меѓународниот комитет на Думата, Леонид Слуцкиј.

извор

Насилни протести во Тирана за оставка на Рама

28 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Илјадници демонстранти кои бараат оставка од премиерот Еди Рама се судрија со специјалната полиција на централниот плоштад „Скендербег“ во Тирана, токму на Денот на независноста на Албанија.
  • Демонстранти, кои пристигнале од целата земја, фрлаа камења, сигнални ракети и димни бомби кон кордоните и владините згради, а полицијата возврати со солзавец и водени топови.
  • Според Министерството за здравство, повредени се најмалку осум луѓе, вклучувајќи полицаец и двајца новинари.

  • Бранот незадоволство во Албанија почна крајот на мај, поттикнат од плановите за изградба на луксузен туристички комплекс во јужниот дел на земјата – проект поврзан со фирма основана од Џаред Кушнер, зетот на американскиот претседател Трамп.
  • Низ месеците протестите се проширија во бунт против корупцијата во владата, растот на трошоците за живот и ограничените можности. Во изминатите неколку недели беа запалени банки, судови и владини згради.
  • Студентите сега повикуваат на уште помасовни демонстрации се до оставка на премиерот Рама, кој е на власт од 2013 година. Група студенти, професори и претставници на дијаспората најавија основање на нова политичка партија „Обединети за Албанија“, со цел да постигнат промени преку институционални средства.
извор

Аргентина ѝ забрани на Централната банка да печати пари по волја на владата

28 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Парламентот на Аргентина изгласа закон со кој ѝ се забранува на Централната банка да печати пари за да ги покрие владините трошоци. Банката е ограничена на својата основна мисија да ја одржува вредноста на националната валута.
  • Ова е еден од клучните чекори во стратегијата на претседателот Хавиер Милеи да ја запре инфлацијата, која во времето на претходната администрација во 2023 година надмина 200%.
  •  Под водство на Милеи, Аргентина ги намали владините расходи и инфлацијата, но се зголеми сиромаштијата. 
  • „Заврши времето на Централната банка која финансираше политичка кражба преку печатење пари. Заврши монетарната катастрофа во Аргентина. Завршија 91 година измами“, соопшти претседателот.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

„Македонци претерали“

2

Тренерот на Црвена Ѕвезда збесна на прашање за Гаштаров

Фудбал
3

Остри реакции од бугарските и француските власти за крвавите сцени во Марсеј

Навивачи
4

Чесен Титов пионерски збор

Медиуми
5

Кога некој лепицанер ќе одбие репрезентација, раскажете му за Шенгелија

Кошарка
6

Арно.мк отворија ТВ архива Македонија

7

На жените во Авганистан им ги зедоа и имињата

8

Оди па препиши

Видео
1

На жените во Авганистан им ги зедоа и имињата

2

Арно.мк отворија ТВ архива Македонија

3

ОпенАИ и Антропик развиле клуч за сите шифри во светот?

Технологија
4

Бугарија ја уценува Албанија да ги конвертира Македонците во Бугари

5

Пазарот на ВИ е балон со 97% сигурност

Бизнис
6

Австриски опозициски лидер ја повика ЕУ да ги депортира мигрантите во Украина

7

Галеријата НАД Собранието

Мислења
8

„Чип-доларите“ се новите петродолари

Бизнис
* за последни 24 часа

Локалности

Медиуми

Чесен Титов пионерски збор

Балканштина

Резултати од последниот систематски преглед

Македонштина

Старо Скопје

Македонштина

Апел до уролозите: Намалете со тоа прстите!

Медиуми

Информер пука по шавови

Разно

Аплауз за Димитрија

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Обама: Правих се речи увек касно сетим

Шарлиевите ангели

Сè е во нејзини раце

На Алачки му дошло преку дур

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy