Зеленски ги повика Обединетите нации да ja прогласат руската инвазија врз Украина за геноцид и по таа основа на земјата да и се одземе трајното место во Советот за безбедност на Обединетите нации. Како една од 5-те трајни членки Русија има право на вето на одлуките на Советот.
Во меѓувреме премиерката на Литванија објави дека земјата ќе побра да се постави меѓународен кривичен суд за истражување на „воените злосторства и злосторствата против човештвото во Украина.“
Денес се огласи и Амнести интернешнл од каде тврдат дека руските сили употребиле 220-милиметарски ракети Ураган кои исфрлиле касетни бомби врз градинка во областа Суми, што според нив „може да претставува акт на воено злосторство.“
Луѓе со искуство во други војни пак имаат поинакви ставови за текот на руската инвазија: