- Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков изјави дека Владимир Путин се согласил да испрати претставници во Белорусија, на средба со претставници на Украина.
- Пораката доаѓа откако украинскиот премиер порача дека е подготвен да преговара за односот на земјата во НАТО и да размисли за неутрален статус а се случува кога руската војска е дојдена до предградијата на Киев.
- Зеленски претходно изрази фрустрираност од тоа колку малку сојузниците на Украина прават за да ѝ помогнат на земјата.
- За првпат после јули, цената на нафтата отиде преку психолошката граница од 100 долари за барел.
- Цената ја следеше ескалацијата на односите меѓу САД и Иран. Американците се пофалија дека уништиле пет ирански танкери за нафта, овие возвратија со напади врз американскиот сојузник Јордан и советуваа танкерите во Кувајт и Бахреин да се евакуираат.
- Европскиот STOXX 600 падна околу 0,7%, а во минус беа и германскиот, францускиот и британскиот индекс. Но, најголема опасност е инфлацијата.
- Пред војната, нафтата беше околу 70 долари за барел.
- „Имам лоша вест за сите оние кои шпекулираа, негодуваа, клеветеа, пласираа лажни информации, а молчев. Не сакав да зборувам затоа што оставав сето тоа што претставуваше навистина посебен момент за градовите низ земјава да биде посебен момент и за граѓаните во тие градови. Имаше таков настан и тука, во Штип. Лошата вест е дека буџетот сите овие настани го чинат нула денари. И граѓаните и буџетот сите овие настани ги чинат нула денари“, рекол премиерот во Штип.
- Нагласил дека сето ова што го говори може слободно да се провери на „Отворени финансии“ и нагласи дека сè било организирано од општествено одговорни компании.
- „Жалам што кај поединци работи Фројд, што мислат како тие би правеле, па мислат дека и некој друг така прави. Но, ова е домаќинска Влада. Ова е Влада промакедонска, која се грижи за граѓаните, пронародна, и секој денар, секој денар буџетски средства се троши на транспарентен начин“, пренесува Фокус.