Кина нема да и ги испорача на Русија компјутерските процесори Лoнгсон на кои руската индустрија се надеваше дека ќе ја пополнат дупката во снабдување со чиповите за производство на напредни оружја и муниција кои ги троши во војната со Украина.
Круна на и онака историскиот договор што го постигнаа двете држави е дека тие „ќе се поддржуваат една со друга но во меѓувреме нема да си се мешаат во своите внатрешни работи.“
Кога Обама станува претседател во 2009 одржан е Г2 самитот на кој треба да се редефинираат односите меѓу САД и Кина како сеопфатно партнерство со цел избегнување на „судир на цивилизациите“. И некаде на тоа и остана целиот концепт.
Командантот во чија надлежност се американските нуклеарки, Чарлс Ричард, го расипа апетитот на присутните на една конференција на морнарицата, споделувајќи го впечатокот дека нему Украина му делува само како предјадење за главното јадење. Русија останува акутна закана но главниот непријател е Кина.
Неофицијалните граници на цената на нафтата од 40 до 75 долари по барел во времето на Трамп се одржуваа со комбинација на закани (повлекување на армијата од Саудиска Арабија) и награди (гаранции за зголемување на воената помош). Проблемот со овој пристап е што Саудиска Арабија ниту е нуклеарна сила, ниту е сред инвазија на европско тло.
Од првиот ракетен напад на Русија врз Украина до средината на август, во САД се регуларно влезени и истоварени над 3.600 бродови со најразлична стока од Русија, со просечна вредност од 1 милијарда долари месечно.
Односите меѓу САД и Кина околу Тајван беа напнати и пред посетата на Пелоси. По посетата аналитичари проценуваат дека во рок од 18 месеци Кина упаѓа во Тајван и со тоа влегува во војна со САД. И ова нема да се случи.
Неделава САД покажа дека може да се справи со Кина и со Русија во исто време, без да почне нови војни или да изгуби некоја од постојните битки, пишува Џош Рогин во својата колумна во Вашингтон пост под наслов „Скептиците не се во право: САД можат да се конфронтираат и со Кина и Русија.“
Првиот месец од руската инвазија на Украина изгледаше лошо за Русија како на фронтот во Украина, така и за економијата дома. На 23-ти март, Путин објави дека во иднина ќе бара сите енергенси Европа да ги плаќа во рубљи. Од тогаш почнува да се случува пресвртот, барем во економската војна.
Западните санкции против Русија се најлошо осмислената и контрапродуктивна политика во модерната историја. Воената помош за Украина е оправдана, ама економската војна е неефикасна против режимот во Москва и уништува мети кои не беа планирани, пишува Сајмон Џенкинс во текстот за Гардијан.
Руската економија страда од санкциите што Западот и ги наметна, но не со брзина и со болката кои Западот ги очекуваше, пишува Светскиот економски форум.
Лавината западни санкции против Русија со својата масовност потфати и една турбина што Русите ја имаа пуштено на сервис во Канада. Сега трофејниот улов Западот ем ќе треба да го врати, ем ги раскара по веќе востановените линии.
Постојат лоши политики, и постојат стварно лоши политики. Се прашував кога ќе се појави идејата за воведување на контроли на цените како средство за спречување на инфлацијата, и ете ја, се појави на последниот самит на Г7 лидерите.
Ако ви пречи 5 долари за галон гориво, тогаш помислете како е на 8 долари (колку што е во Италија). Или природниот гас кој во Италија е четири пати поскап отколку во Соединетите држави.
Европски компании за бродски транспорт се предводници во „подбивање“ со европските санкции против Русија, успевајќи да ги дуплираат своите пратки со руска нафта од почетокот на инвазијата на Украина.
Процената на Вол стрит журнал е дека укинувањето на банкнотата од 100 долари ќе изврши поголем притисок врз Путин отколку сите санкции до сега заедно. Зошто? Затоа што секоја една пара што им е вишок на Русите, се чува во долари, конкретно во 100-ки.
Под притисок од потенцијални американски санкции и секнување на снабдувањето со делови и технологија какво што пред неколку години го снајде Хуавеи, кинески технолошки гиганти без многу галамење почнаа да излегуваат од рускиот пазар.
Планот на ЕУ за нов пакет санкции на Русија ќе биде повлечен и преработен откако Европската комисија не успеа да ја убеди неколку членки да дадат поддршка.
Моментално рубљата има повисока вредност отколку пред руската инвазија на Украина, а Русија во исто време успеа да ги подмири и плаќањата поврзани со обврзниците во странска валута, пишува Економист.
Ветувањето на највисоките американски функционери е дека ќе продолжат да ја притискаат руската економија со санкции се додека таа не крахира, и тоа неспорно се случува. Проблемот е што крахот е неподносливо далеку, а може и да не се случи.
Критичарите ја обвинуваат Кина дека почнала да прави преголеми залихи на житарки, па во време кога остатокот од светот трепти дали воопшто ќе има житарки за купување на светскиот пазар Кина има повеќе од половина од светските резерви од одредени култури.