Моментално, според Никеи Азија, Кина има 69% го глобалните резерви на пченка, 60% од оризот, 51% од пченицата и 37% од сојата, плус таа останува најголемиот увозник на храна во светот.
Со вакви бројки Кина и нема проблеми со залихите на храна, освен ако во равенката не се додаде свинското месо кое е еден од најголемите предизвици за Кина и една од најголемите опасности за глобалните залихи на храна.
Кинескиот небесен економски раст во изминативе децении е константно следен од растот на потрошувачката на свинско месо, а само индустријата за прехрана на свињите е мулти-милијарди долари тешка индустрија. Севкупно 75% од прехраната на животните во Кина (свињи, живина, говеда, риби) е составена од соја.
За да се помогне во полнењето на овие 75% Кина годишно увезува (според бројки од 2017) 95 милиони тони соја, што е над 60% од глобалниот извоз на соја. Само кинескиот увоз е одговорен за 88-процентниот раст на светската трговија со соја.
Кај увозот на сојата Кина го има проблемот што остатокот од светот го има со Кина: увезената соја е поевтина од кинеската, па на кинеските производители не им се исплати да одгледуваат соја. Ова потоа се одразува на Кина со тоа што, пример, во најголемиот аграрен центар во земјата за производство на соја, производството е намалено за цели 42%.
Втора дупка што се јавува во прехраната на свињите е од минусот на пченка, кој е уште посериозен затоа што Кина не може да го надомести од домашно производство. Во 2021, Кина увезува 28,35 милиони тони пченка што е 152% повеќе отколку во 2021. Годинава ова се комплицира затоа што најголемиот дел од увозот за пченка доаѓаше од Украина, па сега ќе мора минусот да го пополнува од нови снабдувачи.
Кина проблемот го решава и со постепено олабавување на забраната за одгледување на ГМО сорти на житарки, а и со увоз на свинско месо. Пример, во 2020 Кина има увезено рекордни 4,4 милиони тони свинско месо, што е околу 40% од глобалната трговија со свинско месо. Плус на ова увезени се 4 милиони тони рибни производи и 2,1 милион тони говедско. Сето ова Кина го има проследено со посебна кампања за разубедување на домашната јавност да не консумира свинско заради здравствените ризици од истото.