По основа дека чиповите се „стратешки интерес за кинеската војска“ Пекинг го забранил извозот на Лoнгсон за Русија и за останатите држави низ светот.
Лонгсон е базиран на х86 архитектурата заради што Русите го сметаа за совршена замена за процесорите на АМД и Интел кои заради санкциите не смеат да влезат во земјата.
Веста ја објавува руски Комерсант, според кого на руските компании моментално не им е зорт бидејќи успеваат да се снабдат со АМД и Интел чипови преку „паралелен увоз“, меѓутоа во случај на целосно отсекување и на оваа линија, бекапот требаше да биде токму Лонгсон.
Од Комерсант објаснуваат дека забраната се уште не е официјална, и Лонгсон процесорите можат да се набават пример на Алиекспрес како дел од матични плочи.
Претпоставките се дека Кина нема доволен капацитет за производство на овие чипови за светскиот пазар, или дека не сака тие да се шират низ светот за премногу луѓе да не се заинтересираат за нив и да почнат да ги анализираат, или дека ги чува за сопствени потреби, како воени, така и цивилни, за сервери или машини на нејзината администрација.