Во април се појавија првите симптоми дека руската економија им пркоси на сеприфатените предвидувања дека е пред крах, дури и додека Западот активно и воведуваше санкции без преседан. Новите податоци од мај само го потврдуваат ова.
Истото важи и за реалната економија, и покрај тоа што цените на мало се покачени за 10% од почетокот на годината, а бројот на компании што доцнат со платите се зголемува.
„Меѓутоа мерките во ’реално време’ за руската економска активност главно држат. Вкупната потрошувачка на електрична енергија е незначително намалена. По затишјето во март, Русите изгледа слободно трошат во кафулиња, барови и ресторани. На 29 април централната банка ја намали клучната каматна стапка од 17 на 14 проценти, што е знак дека финансиската паника која почна во февруари малку е стишена. Руската економија неспорно се намалува, но предвидувањата на некои економисти дека БДП-то годинава ќе им биде намалено за 15% почнуваат да изгледаат песимистички,“ се објаснува во текстот на Економист.
Освен тоа што ефикасноста на санкциите е намалена затоа што и пред инвазијата Русија има прилично затворена економија, Економист ја повторува процената дека најголемата причина за отпорноста на руската економија е поврзана со фосилните горива.
„Од почетокот на инвазијата Русија има извезено фосилни горива во вредност од најмалку 65-милијарди долари преку бродови и цевки.
Во првите три месеци од 2022, владините приходи од јаглеводороди се пораснати за 80% во споредба со минатата година.
На 4-ти мај Европската комисија предложи забрана за извоз на целата руска нафта која ќе почне да важи кон крајот на годинава. До тогаш очекувајте дека руската економија ќе продолжи да се тркала,“ порачуваат од Економист.