Западот почна да размислува за начини како да се смири со руските олигарсите и да им дозволи да си платат за да им бидат укинати санкциите.
Неофицијалните рамки на планот се олигарсите да се откажат од дел од замрзнатиот имот и пари во странство, и тие средства да се искористат за помош на Украина. За возврат да им бидат кренати санкциите на остатокот од имотот.
Дополнителна вредност од ова би било што на тој начин олигарсите најочигледно ќе се дистанцираат од Путин.
Предлогот доаѓа од канадската министерка за финансии, Кристија Фриланд, која за ова разговарала со дел од санкционираните руски милијардери.
Фриланд има познанства со олигарсите од времето кога работи како новинарка во Москва.
Десетици илјади луѓе демонстрираа на централниот плоштад во Загреб поради тоа што владата не почнала со расчистување на повеќе од 30.000 тони отпад кој ја загадува водата и природата во Лика.
Лани на локација близу Госпиќ беа откриени меѓу 34.000 и 37.000 тони отпад – од кој голем дел бил увезен од Италија во 2023 и 2024 година. Владата вети дека ќе ја исчисти локацијата, но еколошките групи тврдат дека е постигнат мал напредок.
Вјекослав Бушиќ од иницијативата „Госпиќ е наш дом“ побара од Владата во рок од 20 дена да претстави сеопфатен план за санација на загадените локации, со јасни и обврзувачки рокови. Организаторите на маршот бараат отстранување на 33.000 тони закопан отпад во рок од три месеци, итна забрана за увоз на отпад во Хрватска и одговорност за пропустите.
„Мора итно да ја утврдиме одговорноста на сите оние што молчеа и не презедоа ништо. Тука не смее да има компромис“, истакна Бушиќ.
Американските бизнисмени стравуваат од пад на продуктивноста во втората половина на ноември, кога ќе биде објавена видео-играта Grand Theft Auto VI - првото ново продолжение од популарниот серијал по 13 години.
Со речиси 5 милиони нарачки ширум светот, излегувањето на играта на 19 ноември се очекува да повлече значителен дел од работната сила – феномен кој според Вол Стрит Журнал е рамен на неофицијален празник.
Слична ситуација имаше и во 2015 година, кога по пет години пауза беше објавено четвртото продолжение на играта Fallout. Производителот тогаш заедно со играта нудеше и лажни лекарски оправданија за отсуство од работа.
Неодамнешно истражување спроведено на над 2.000 гејмери покажа дека ноќните сесии на играње видеоигри во просек доведуваат до пад на продуктивноста од два часа следниот работен ден, со што се генерира загуба од 5,1 милијарда долари на ниво на САД.
Дури и Армијата на САД се вклучи во еуфоријата. Војници од 9-тиот инженерски баталјон на бригадата во Форт Стјуарт, добија известување дека секој војник што ќе го продолжи договорот за служба до 14 ноември ќе добие четири слободни дена за да може да се посвети на GTA VI.