Архитектот на руската економска контраофанзива

Првиот месец од руската инвазија на Украина изгледаше лошо за Русија како на фронтот во Украина, така и за економијата дома. На 23-ти март, Путин објави дека во иднина ќе бара сите енергенси Европа да ги плаќа во рубљи. Од тогаш почнува да се случува пресвртот, барем во економската војна.

Авторот на оваа стратегија е истиот човек што во периодот пред војната ги „стегаше“ руските економски барикади, 40-годишниот Максим Орешкин, кој од 24 февруари станува клучен играч на Путин за економска политика.

За планот рубљи за нафта, Путин по наговор на Орешкин мора да блефира и да ги поништи сите можни договори што ги има за плаќањето на нафта, за да може да ја пробие погубната блокада наметната врз руската рубља.

Иако имаше отпор, на крај Европа се согласи и ги потпиша новите договори за снабдување и плаќање во рубљи.

Одбраната што ја имаат поставено пред војната исто така помогна во избегнување на најголемите последици од санкциите. Не дека санкциите нема да предизвикаат штета, меѓутоа сега анализите се дека штетата од нив ќе биде најмалку половина од претпоставената, а рубљата се врати на спектакуларно високи ниво.

Рубљи за гас планот на Орешкин му даде и директна победа на Путин во борбата против санкциите која не беше очекувана да се случи.

Орешкин ја создава и фразата „вистински дифолт“ кој Путин ја користи во неколку говори за да ги дефлектира обвинувањата дека Русија не успеала да ги плати долговите по основа на обврзници, туку дека „вистинскиот дифолт“ е кон Русија затоа што САД и ЕУ ги заплениле руските меѓународни резерви.

Тој помага и во справувањето со исклучувањето на Русија од СВИФТ, а своето влијание го користи и за да спречи поголема државна контрола врз руската економија, што ја бараа други економисти со влијание во Кремљ.

По патувањето во Иран заедно со Путин, каде треба да разменат искуства околу справување со санкциите, бидејќи Иран со децении е под санкции, Орешкин во едно интервју порачува „нашите идеи се многу подобри“.

Орешкин има западно финансиско искуство стекнато за време на својата кариера во руската филијала на Сосиете џенерал, кое според Блумберг сега го користи за одбрана од Западот. Со слично искуство се и двајца негови соработници, 44-годишниот заменик гувернер на Банката на Русија, Алексеј Заботкин, и заменик министер за финансии, 39-годишниот Владимир Количев. И двајцата доаѓаат од елитните руски економски школи, по што имаат кариера во западни претставништва на финансиски институции во Русија.

За време на 3-годишниот ангажман во руското министерство за финансии, Орешкин е дел од тимот кој го оформува механизмот за пренасочување на стотици милијарди долари приходи од нафта и гас во независен фонд кој треба да му се најде на Кремљ во ситуации како сегашната.

Процената на Блумберг е дека вон борбата за спасување на руската економија, големата агенда на Орешкин е соборување на глобалната превласт на доларот.

3 август 2022 - 12:00