Во текот на целата фудбалска историја Италијанците ги бие глас дека се „намазани“, опасни глумци, а кулминација на оваа теза се случила на 20 октомври 1971 година во германскиот град Менхегладбах каде Интер бил потопен со 7:1 од Борусија.
На 11 септември 2001 година во Њујрок се случи најголемата катастрофа во XXI век: терористичката организација Ал Каида киднапираше четири патнички авиони од кои два ги пренасочи во кулите близначки кај Светскиот трговски центар.
Приказната на Илиса за дечкото (мочкото) што ја малтретира од нејзина, замислете, 13-годишна возраст, ја видоа околу 8 милиони луѓе, и важно е да ја видат што е можно повеќе. Не, „комплетен идиот” е премногу благо кажано. Предатор, манипулатор и, законски гледано - педофил.
Денешното нововоспитано интернет граѓанство не ја пушта Хилари туку така. Дали ќе им помине или ќе се префрлат на малтретирање на некој со многу помало влијание од нејзиното, останува да видиме.
Фудбалерот на Јувентус се соочува со нималку наивни обвинувања за кои според законот во САД би можел да биде екстрадиран во оваа земја и таму да одлежи затворска казна за силување.
Црвениот картон на Кристијано Роналдо, денеска очекувано е топ тема на социјалните мрежи. Едни го бранат и сметаат дека судиската одлука е престрога, а други велат дека нема што да бара кај главата на Муриљо. Ние па налетавме на ист таков пример со познат македонски играч, со таа разлика што нашиов имаше што да фати. Плус имало и друг прекршок на Роналдо од истата акција.
Ако сте користеле, или планирате да користите, веројатно веќе сте ја начнале темата - што со тежината, и веројатно веќе неколку души ве опсипале со предупредувања. А колку повеќе приказни за здебелување, толку повеќе докази дека нема врска.
Дали УЕФА е свесна дека во Лига Европа ќе играат два клупа со ист сопственик? Одговорот е: да, знае, но смета дека РБ Лајпциг и РБ Салцбург не се доволно силно поврзани за да ја стават под прашање чесноста на спортската борба меѓу нив.
Ќе прават посебна колекција, се разбира. Затоа што, ако си Лагерфелд, и треба да одлучиш која 16-годишна манекенка ќе ти ја претставува колекцијата, зар постои некоја друга освен ќерка ѝ на Синди Крафорд?
Просто и да не си навивач на овој италијански тим, луѓето кои им ги водат официјалните профили на социјалните мрежи прават да се смееш и на шеги на сметка на твојот омилен клуб.
Една жена тужела дека откако агентот за недвижнини, кој ѝ покажал некој имот во Сиднеј, толку силно ѝ ја стиснал раката за поздрав, што ѝ нанел тешки повреди и сакала тоа да биде категоризирано како „насилство”.
Класичната непромисленост која е така карактеристична за некои фудбалери, е само една од карактерните црти на стоперот на Хрватска кој се носеше со голем притисок пред 78.000 гледачи на „Лужники“ и на крајот излезе како победник.
Урлаше, па спиеше, па пак урлаше, па на голот на Меси се исклучуваше и на крај им покажуваше среден прст веројатно на поразените. Но еве сега гледаме и кого величел.
Рекордерот и главниот прогнаник на Светското 2018 има сериозни забрани. Верувале или не, за 39-годишниот капитен на Мексико и некогашен фудбалер на Барселона Рафа Маркез Светското 2018 е петто во неговата кариера.
Системот за видео-асистенцијана арбитрите секој ден влијае на исходите на дуелите од Светското и има многу докази дека е од корист за правичност на теренот.
Од сезоната 2019/20 најдобрата англиска фудбалска лига ќе има двонеделен одмор во месец февруари, со цел играчите да бидат одморени за европските натпреварувања и првенства.
Сега е научно докажано дека тоа што со другарот се кикотите на иста, за остатокот од светот несмешна работа е затоа што мозоците ви функционираат исто.
Наспроти лудилото околу здравата исхрана, разулавените трчања по теретани, броењето калории, опсесијата со глутен и масовната медиумска покриеност на идејата „позитивно размислување”, стои Барбара Еренрајх, тврдејќи дека забраната за пушење е директен напад на работничката класа, а луѓето одбиваат да се соочат дека имаат рок на траење.
Светската фудбалска организација планира од октомври да направи неколку сериозни измени во фудбалот меѓу кои голема би била и забраната за позајмување фудбалери од еден во друг клуб.
За разлика од претходните Светски првенства 2010 и 2014 во Јужна Африка и Бразил каде илјадници Англичани патуваа да ја бодрат својата репрезентација, овојпат за Русија нема претерано голем интерес за карти. Зошто така?