Се работи за довчерашниот капитен на Вардар, Бобан Грнчаров кој во сезоната 2011/2012 настапуваше за белгијскиот тим Лирс. Добро што постои нешто што се вика Јутјуб па држи архива без граници, а тоа ни дава можност да се послужиме и со други примери како овој на Роналдо.
Имаме идентична сцена каде во случајот паѓа на земја фудбалер на Стандард, а за коса го фаќа Бобан Грнчаров. Судијата почека да спласне гужвата, играчите му сугерираат дека имало кубење и потоа тој им вади црвен и на двајцата. Веројатно затоа што овој искубаниов му врати на Грне со туркање на земја.
За случајот Роналдо сега има од пиле млеко на интернет.
Емре Чан има свое мислење за ситуацијата:
Но ова видео кое сите го споделуваат како доказ дека Роналдо го скубнува или се обидува да го скубне кратко шишаниот Муриљо, не е неговиот единствен недозволен потег.
This is the clearest angle so far on Ronaldo's red card "offence"
— Jonathan Soveta (@eighteenyards) September 19, 2018
So he does touch Murillo's head after all, don't think he actually does any hair pulling though. Still no way a red for me. pic.twitter.com/0GSvmKgsMn
Има уште едно каде се гледа дека Роналдо претходно го удира противникот без топка:
Cristiano Ronaldo clearly kicking the defender and then recklessly pulls him by his hair!! "but but hE dOesNt DeSeRvE a RedCaRd" #UCL pic.twitter.com/YMs0by7dUk
— Ultimate10 (@ClassicMessi10) September 19, 2018
Па судија во Шпанија тврди дека според правилата, за овој удар се добива црвен.
Оние што не го сакаат Португалецот собраа повеќе докази дека тој знае да игра валкано.
Тие пак што му се нафрлија на судијата Марк Фриц кој му го додели црвениот, потсетија на неговата веројатна најсрамна одлука во кариерата, кога призна непостоечки гол на мечот Дуизбург - Ајнтрахт пред 8 години.
Поранешниот македонски репрезентативец за прекршокот беше суспендиран четири кола, а УЕФА допрва треба да се изјави за казната на Роналдо. Во второ коло Јуве го пречекува Јанг Бојс, а во трето гостува на Олд Трафорд.