таг: бобан грнчаров
Црвениот картон на Кристијано Роналдо, денеска очекувано е топ тема на социјалните мрежи. Едни го бранат и сметаат дека судиската одлука е престрога, а други велат дека нема што да бара кај главата на Муриљо. Ние па налетавме на ист таков пример со познат македонски играч, со таа разлика што нашиов имаше што да фати. Плус имало и друг прекршок на Роналдо од истата акција. Повеќе |
Интервју со Бобан Грнчаров Играше во ЛШ и имаше привилегија да ги чува Фалкао, Агуеро и Форлан, ама позначаен му е историскиот пласман на Вардар во ЛЕ. Им симнува капа на Комитите за авантурата до Норвешка, а журката со нив на Боемска улица ќе ја памети додека е жив. Повеќе |
Одлуката на Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор да го поскапи рентањето на Градски, ги избрка Вардар и Работнички од својот матичен стадион. Капитенот на Вардар реагираше на Фејсбук. Повеќе |
Доби црвен картон на првиот дуел во Скопје, но сепак полета со нив да им даде поддршка од близу. Прав капитенски потег на Бобан Грнчаров кој испишувањето на македонската фудбалска историја го прослави заедно со своите колеги - херои. Повеќе |
Лига Европа Фудбалерите на македонскиот шампион ја забележаа најголемата победа во клупската историја откако во првиот меч од баражот за Лига Европа го победија скапоцениот и ѕвезден тим од Истанбул. Повеќе |
Квалификации за Лига на шампиони Пред околу 5.000 гледачи на стадионот „Младост“ во Струмица, фудбалерите на Вардар го одиграа можеби најдобриот меч во последните неколку години и сосема заслужено му одржаа лекција на шведскиот шампион Малме 3-1 (0-1) Повеќе |
Квалификации за ЛШ 2. коло Капитенот на Вардар, Грнчаров изјави дека без разлика што Динамо е фаворит на хартија, тие ќе се обидат да го демантираат тоа на теренот. Динамо доаѓа во полн состав, со репрезентативците. Повеќе |
Квалификации за ЛШ Вардарци вечерва имаа ветер од над 20.000 гледачи, одлична поддршка и позитивен резултат од првиот меч, но не успеаа да го минат кипарскиот АПОЕЛ кој со 1-1 оди на данскиот Митјиланд. Повеќе |
Во обид да стигне до третото квалификациско коло, Вардар ќе мора да го помине најтрофејниот кипарски клуб кој пред четири години стигна дури до четвртфиналето од Лигата на шампионите. Повеќе |