Грне: Вардар е чиста љубов која ни со пари не се купува

„Сѐ најлошо што може да постои во фудбалот ние го доживеавме и преживеавме. Немавме топки, вода и услови за тренинг. Сѐ беше мачење. Секоја мака, секоја нервоза, дали ќе тренираме или не, а имаше денови кога не трениравме, после ова вредеше“.

Екс капитенот на Вардарци кој беше дел од историскиот успех во Лига Европа и кој се зафати за ѓаволски тешка работа, за Спорт1 ја раскажува голготата која ја поминал со клубот во неговото прво тренерско искуство.

„Ова е за снимање филм, низ какви сè нервози и стресови поминавме, од бркања од хотели, платено-неплатено“, раскажува популарниот Грне.

„Ова ми е најслатка победа, не зборувам само како тренер зашто многу кратко сум тренер, туку и како фудбалер. Ова е историска победа, нешто неверојатно, зашто сè најлошо што може да постои во фудбалот ние го доживеавме и преживеавме, од немање топки, немање услови за тренинг, немање вода... Да не набројувам со што сè се соочувавме, една катастрофална сезона. И оваа победа и овој пласман во Прва лига е шлаг на тортата кој ни симна цел еден товар на сите нас во Вардар од играчи, стручен штаб, спортскиот директор, па сè до навивачите. Сè се исплатеше, сета жртва и сè вредеше“.

„Секоја мака, секоја нервоза, дали ќе тренираме или не, а имаше денови кога не трениравме, после ова вредеше! Ова со пари не се купува, ова е чиста љубов! Вардар е наш клуб, многумина од нас израснавме во Вардар и затоа истрпевме, преживеавме. Во некој друг клуб ова немаше да се издржи што нас ни се случуваше“.

Се случувало играчите да немаат ручек измеѓу два тренинзи.

„Ние немавме ручек помеѓу два тренинзи и не можам да не им се заблагодарам на кафеаните на Боемска, од Гостилница Чардак, Боемска кафана, Двор, Гоце Рагуза, каде што имавме бесплатни ручеци“, вели стратегот на Вардар.

Грнчаров вели дека во текот на сезоната се соочувале со многу лажни ветувања и дека Комити го спасиле клубот од тотален распад.

Целото интервју го имате тука.

24 мај 2023 - 11:53