895 дена живеел во хотел, платил околу 537.000 фунти

Новинарот Сајмон Џонс од лондонскиот Evening Standard пишува дека Жозе Мурињо никогаш не го уживал престојот во Манчестер Јунајтед.

Постојат неколку докази дека португалскиот тренер во ниту еден момент не уживал на „Олд Трафорд“. На пример, тој редовно закажувал тренинзи рано на сабајле за подоцна да замине за Лондон каде живее неговото семејство.

Мурињо беше промовиран во нов тренер на Манчестер на 26 мај 2016, а на 6 јули истата година изнајмил соба во хотелот Lawry.

Тој во градот живеел сам. Ќерка му Матилда студира во Лондон, а син му Жозе-јуниор играл и тренирал во Фулам.

Англиските таблоиди пишувале и дека Мурињо најголем дел од слободното време во Манчестер го минувал во хотелската соба - не излегувал по ресторани затоа што го препознавале и немал мир. Најчесто барал да му носат појадок и ручек во собата.

Во Јунајтед се сменија и неговите прес-конференции. Порано ги напаѓаше надворешните непријатели, а сега се расправаше со луѓето од внатре.

****

Жозе престојувал во луксузна соба (во хотелот имало само 6 такви), со поглед на реката Ирвел. Цената за една вечер во оваа соба изнесува 600 фунти. Тоа значи дека Мурињо платил 537.000 фунти до денешен ден, иако постои веројатност дека како редовен клиент му давале попуст.

Во собата имало два влеза, спална, гостинска соба и кујна. Доволно простор за четири лица. Ѕидовите на собата се украсени со дела од познатиот сликар Алан Ранкл.

Во хотелот Мурињо користел спортска сала и спа, но немало базен.

До оваа есен, Манчестер Јунајтед исто се сместувал во хотелот Lawry пред натпреварите, но еднаш екипата доцнеше многу на меч од Лига на шампиони (за што добија казна од УЕФА), па затоа управата решила собирот да биде во хотелот Hilton, многу близу до „Олд Трафорд“.