Шпигл со нови подробности во случајот Роналдо - се криеле докази?

Фудбалерот на Јувентус се соочува со нималку наивни обвинувања за кои според законот во САД би можел да биде екстрадиран во оваа земја и таму да одлежи затворска казна за силување.

Реномираниот германски весник Der Spiegel продолжува да му создава проблеми на Кристијано Роналдо. Пред неколку месеци новинарите од овој медиум први ја откриле сторијата дека во 2009 година правниците го спасиле Португалецот од затвор.

Во одбрана на Кристијано работел цел тим од адвокати. Делото го водел неговиот главен адвокат Карлос Осорио де Кастро. А него му помагале:

приватен детектив од Вегас (со тесни врски со локалната полиција);

- два португалски адвокати;

- правникот Ричард Рајт од Вегас (час работа му чини 475 долари);

- медицински и форензички експерт;

- лондонската правна фирма Schillings (слоганот им е „Најди го проблемот, контролирај ја кризата“);

- компанијата Lavely%Singer (ги штитела интересите на Камерон Дијаз и Џенифер Енистон).

Кетрин Мајорга, девојката која тврди дека Кристијано ја силувал

На другата страна, девојката Кетрин Мајорга која го обвинува Роналдо за силување, ја застапува адвокат којшто специјализирал сообраќајни незгоди.

Пред неколку дена англиски The Sun објави видео од ноќниот клуб Sin City во Лас Вегас во 2009 година на која се гледа како фудбалерот и Американката стојат и танцуваат заедно:

Прогон, кодно име за Роналдо и неговата верзија

Der Spiegel утврдува дека ги реконструирал настаните по добиените документи (самите документи не се објавени).

1. Судиите му дале на Роналдо кодно име „Тофер“. Прво што направиле пратиле приватен детектив во хотелот Palms Place каде наводно се случило силувањето. Тој ја истражувал вилата во која Роналдо престојувал за време на одморот. Ги истражувал собите, џакузите и ја оценувал акустичноста.

2. Судот бил збунет зошто полицијата веќе подолго време не најавила покревање на постапка.

Од таму добиле одговор дека полиџијата уште не завршила со предистражната постапка. Адвокатите на Роналдо не го користат терминот „силување“, туку „сексуално вознемирување“.

3. Полицијата одлучила да ја набљудува Мајорга. Детектив дознал се: со кого се знае, каде јадела, колку шишиња вино пие. Дознале дуи и дека Мајорга на изборите гласала за демократите, дека имала неколку казни за недозволено паркирање и го нашле изводот од книгата на венчани.

4. Правниците ги изучиле законите во САД. Ги интересирало дали со такво обвинение може да има екстрадиција од Европа во САД.

5. Во септември 2009 година адвокатите составиле обемен прашалник за Роналдо и тој документ може да игра клучна улога во делото.

Во документите пишува:

- Опишете подробно што имавте со госпоѓа C. од првиот физички контакт кој произлегол меѓу вас во другите соби и опишете го редоследот на настаните.

„Имавме однос од страна. Ми дозволи да го правам тоа. Лежеше на бок на креветот а јас и пријдов од позади. Тоа беше грубо. Не менувавме поза. 5-7 минути. Таа кажа дека не сака но дозволи да продолжам. Се беше грубо. Ја свртев одново и тоа беше брзо. Можеби се здобила со неколку модринки откако ја фатив. Ме оттурна и продолжи да зборува: „Не. Немој. Не сум таква како останатите“. После се јас и се извинив.

- Госпоѓа C. го повиши тонот или викаше?

„Таа неколку пати кажа ’не’ и ’стоп’.“

 

Овие документи биле објавени и во големата акција Football Leaks.

Според луѓето кои поседуваат стотици илјади разни документи за нерегуларности во светот на фудбало, се појавила и нова верзија на испрашување. Во неа одговорот на првото прашање сериозно бил изменет: „Таа лежеше на кревет, јас пријдов од позадил. Ние не менувавме поза. 5-7 минути. Таа не викаше. Не викаше никого во помош или нешто слично“.

6. Медицински експерти кои работеле на страната на Роналдо, сметале дека повредата на ректумот кај девојката наводно можела да биде предизвикана од „пенетрација со разни предмети“.

Судиите барале експертиза од поранешен полицаец кој бил специјализиран во одделот за сексуални насилства.

Тој рекол дека Мајорга можела самата да се повреди па да викнела полиција после неколку часа.

7. Од октомври на адвокатот Осорио му стигнале големи сметки од адвокатски канцеларии. Во јануари Lavely & Singer (форензичка експертиза наплаќаат 350 евра на час, а 2.500 евра за сите услуги).

Осорио им се жалел на колегите преку електронска пошта дека Роналдо ги сметал адвокатите за прескапи.

Тогаш главниот адвокат на Роналдо, Осорио побарал попуст за неговиот клиент но добил одговор: „Нему му се заканува екстрадиција во САД, затворска казна и минимум огромен удар по репутацијата ако обвинението на Мајорга стане јавно. Ваша должност е да исплатите што е можно поскоро. Срдечно ве поздравуваме.“

Пред неколку дена истрагата добила нов смер затоа што адвокатот на Кетрин Мајорга, Лесли Марк Стовал (на фото) изјавил дека полицијата ги изгубила најважните докази - фустанот во кој била облечена Мајорга вечерта и која го предала на експертите, а изгубена и нејзината прва изјава.

Полицијата не ги коментирала овие наоди затоа што истрагата е во тек.