
Бекам стана капитен на Англија, кога Ериксон го назначија за селектор.
Го посети неколку дена пред смртта и тоа со смислен план.
„Дојде со 6 шишиња старо вино, кои беа значајни за мене. Едното шише беше од 1948-ма, годината во која сум роден, многу мило од негова страна.
Донесе вино и од 1982-ра, тоа е годината кога го освоив Купот на УЕФА со Гетеборг.
Како и од 2000-та кога ја освоив Серија А со Лацио.
Ден пред да пристигне, испрати готвач кој ја приготви храната, а потоа дојде и беше тука еден ден. Седевме и си зборувавме, најмногу за фудбал.
Тоа потврдува на каков неверојатен човек. Не беше должен да дојде. Се чувстував горд што тој дојде.”
„Се смеевме, плачевме и знаевме дека се збогуваме...Свен, ти благодарам што отсекогаш беше личноста што отсекогаш беше, страствен, грижлив, смирен и вистински господин... засекогаш ќе ти бидам благодарен што ме направи твој капитен и засекогаш ќе ги чувам овие последни спомени од овој ден со тебе и твоето семејство...Ти благодарам Свен и со твоите последни зборови до мене „Ќе биде во ред“, напиша Бекам после средбата.