
Годинава се очекува мошне возбудлив НБА драфт а за прв пик веќе извесно време е предвиден талентот на генерациајта, крилниот центар Купер Флег.
Флег доаѓа од Универзитетот Дјук а веднаш до него на драфтот ќе бидат најверојатно уште и талентите Ви Џеј Еџкомб од Универзитетот Бејлор, Дилан Харпер и Ајс Бејли од Ратџерс и Кон Кнупел од Дјук.
Купер Флег веќе подолго време бил на радарот на скаутите од НБА лигата. Го следат уште од средно школо зошто, пишуваат медиумите во САД, ваков талент ретко се гледа.
Купер инаку доаѓа од сојузната држава Мејн а уште од прва година средно бил во тимот на училиштето кое освоило државен кошаркарски турнир а Флег имал импресивни бројки на паркетот.
Од средното школо преминал да тренира во тимот Монтверде Академија каде продолжил да биде лидер на теренот а потоа играл и за тимовите Флорида Иглс и Маин Јунајтед.
Во 2024-та година едногласно ја добил наградата за играч на годината. Пред почетокот на неговата последна средношколска сезона потпишал за Универзитетот Дјук и во својата прва сезона (2024/2025) ги оправдал сите очекувања.
Иако има само 18 години Купер Флег е најдобар играч на тимот Блу Девилс при Универзитетот Дјук која= во моментов е второпласирана екипа во САД. Тој бил најдобар стрелец, скокач, асистент и има најмногу укградени топки а важи и за најдобар блокадер во тимот.
На 9 натпревари во просек постигнувал по 20 поени а на еден дуел против Нотр Дам дал 42 поени што е најмногу што еден бруцош дал во историјата на АЦЦ конференцијата.
Купер Флег е долгорак крилен играч кој има атлетска експлозивност, напаѓачки и дефанзивни инстинкти, натпреварувачки дух и победнички менталитет.
Неговата разновидност во нападот е опасна за ривалите, а одличен е и во заштита на својот рекет.
Тој во НБА ќе влезе со статусот на идна ѕвезда и лице на тимот. Очекувањата од него се огромни. Висок е 206 сантиметри, важи за двосмерен играч со одлична должина на екстремитетите. Скаутите во своите извештаи пишувале и дека брзо скока што му овозможува да биде ефикасен на двете страни од теренот.
Флег има одлична работа со нозете, брзи стопала, рамнотежа во контактот и одлично пивотира. Најдобра карактеристика му се меките исфрлања на топката и тој шут тешко се брани. Покажува висок кошаркарски интелект.