Македонската спортска јавност откорна коси од нервоза за да види некој голем историски успех во независна Македонија. Годинава тоа конечно се случи и затоа 2017-та може слободно да се каже дека во фудбал и ракомет се искачивме на едно повисоко скалило на кое сите сакаме да останеме.
Најверните навивачи на Вардар прославија два јубилејни родендени кои долго ќе се раскажуваат. Ја запалија западната трибина со бакљада каква што немало со години на македонската тифо сцена, а Вардарци им возвратија со победа во вечното дерби против Пелистер.
Како ретко кога навивачите на македонскиот шампион се спремаат да го прослават својот роденден. Во недела организираната навивачка група „Комити“ ќе прослави 30 години од своето основање а поклон за роденденот им е мегдан со битолски Пелистер, на „Градски“ во недела од 18 часот.
Градското дерби меѓу Вардар и Работнички се игра денеска (14:30) во бош време кога сите се на работа, но нејсе. Мобилизацијата на Комитите на ФБ во јубилејната 30-та година за нив и 70-та за клубот, продолжува со една песна која ја пееја една година по испаѓањето во втора лига во сезоната 2010/2011 и која се надеваат дека нема повторно да ја запеат.
Секако дека би било убаво да се прослават првите историски бодови во едно УЕФА натпреварување, но фудбалерите на македонскиот шампион не треба да имаат резултатски императив и треба да играат за душа и за публика.
На меѓународната сцена против Зенит дебитираа доста организирано, моќно и без да ги штедат гласните жици, па дури и останаа да грмат на Градски речиси до полноќ. Мечот со Реал Сосиедад им е нов голем предизвик на кој ќе се обидат да експлодираат уште на кортеото кое е најавено за два и пол часа порано.
Екипите на Рамстор и ЕВН броеа до 10, а Аџибадем Систина и Фабрика Карпош одиграа без победник во вториот ден од 3. коло во Бизнис лигата на Македонија.