Гранит во ослабен состав го загуби натпреварот со Бетон

Екипите на Гранит, Аџибадем Систина и ЕЛЕМ славеа победи во третиот ден од 10. коло во Бизнис лигата на Македонија.

Гранит во ослабен состав го загуби натпреварот со Бетон

Бетон 7-6(3-1) Гранит

Бетон: Иван Николовски8’ 20’ 20’ 39’ 40’ Цветко Голабоски 33’ Даниел Аврамовски 36’

Гранит: Кристијан Крстевски 14’ 39’ Стефан Тевдовски 28’ 35’ Дарко Стојановски 31’ 39’

Мирно прво полувреме одиграа екипите на Бетон и Гранит, првата фаза од полувремето главно се одвиваше на средината на теренот без многу шанси за гол и на двете страни. По овој мирен вовоед во натпреварот екипата на Бетон беше таа која успеа прва да постигне гол во 8та минута да го отвори резултатот а воедно и да го забрза темпото на игра. Екипата на Гранит за брзо успеа да се врати во игра, и во 14та минута успеа еден одличен контра-напад да го преточи во погодок за изедначување на резултатот со кој се отиде на полувремето. Во второто полувреме двете екипи уште на самиот почеток започнаа со офанзивен фудбал со многу шанси за гол на двете страни. Екипата на Гранит во второто полувреме ги консолидираше своите редови и полека но сигурно преку одлични погодоци се врати во натпреварот и во 28та минута успеа да дојде до изедначен резултат од 3-3. Во финишот од натпреварот се играше гол за гол но на крајот екипата на Бетон беше таа која ги однесе бодовите со резултат од 7-6.

Систина со брзи акции до победа над Окта

Окта 2-6(0-4) Систина

Окта: Живко Котевски 22’ Никица Богдановски 30’

Систина: Никола Трајковски 9’ Кристијан Димковски 10’ 11’ Александар Јаневски 16’ 21’ 39’

Динамично прво полувреме одиграа екипите на Окта и Систина. Првата фаза од полувремето без многу шанси за гол, екипите со удари од далечина се обидуваа да го отворат резлтатот. Во оваа почетна фаза и двајцата голмани беа на висина на задачата и одбранија прекрасни удари. Кон средината на полувремето екипата на Систина направи неколку промени во тактиката што вроди со плод и за само 3 минути успеаа да постигнат три гола. До финишот на полувремето екипата на Систина искористи уште една грешка на одбраната на Окта и на полувремето се замина со резултат од 0-4. Во второто полувреме екипата на Окта ја превзема иницијативата и со сите сили се обидуваше да го намали резултатот, во тоа и делумно успеа но Систина не дозволуваше екипата на Окта да добие доволно простор за шут и со цврстата одбрана го зачува своето водство. Натпреварот се заврши со резултат од 2-6.

ЕЛЕМ преку контра-напади до победа над Халк Банка

Халк Банка 4-8(1-2) ЕЛЕМ

Халк Банка: Ерсин Тахир 20’ Мартин Дамески 28’ Дејан Петкоски 34’ Маријан Атанасовски 38’

ЕЛЕМ: Александар Бокан 10’ Синиша Ковачевиќ 16’ Златко Станкоски 28’ 31’ Павле Маџовски 21’ 22’ 39’ Димче Димитриевски 35’

Возбудливо прво полувреме одиграа екипите на Халк Банка и ЕЛЕМ, уште на самиот почеток и двете екипи наметнаа жесток ритам на игра. Во почетните минути од полувремето двете екипи беа внимателни и ја базираа својата игра на многу додавања и удари од далечина. Во средината на полувремето екипата на ЕЛЕМ започна со поагресивна игра и со притисок кон противничкиот гол што резултираше со погодок во 10та минута. По водството на ЕЛЕМ екипата на Халк Банка се префрли на противничката половина и вршеше притисок кон голот со цел да го израмни резултатот, но заборави на одбраната па ЕЛЕМ со одличен контра-напад успеа да го зголеми водството на 0-2. До крајот на полувремето екипата на Халк Банка успеа да го намали водството на 1-2 резултат со кој се замина на полувремето. Во второто полувреме иста слика висок ритам на игра екипата на Халк Банка со сите сили се обидуваше да дојде до израмнување но заборави на својата одбрана кое екипата на ЕЛЕМ вешто го искористи за зголемување на водството преку контра-напади. Натпреварот заврши со резултат од 4-8.

7 декември 2017 - 14:58