
Долгонајавуваните родендени на Комити кои полнат 30 години, како и 70 години од постоењето на ФК Вардар поминаа со огромна фешта на Градски. За стартот на бакленото шоу, Комитите ја избраа 47-та минута од мечот во чест на годината на формирање на ФК Вардар (1947).
Пред да ги запалат бакљите, Комитите ја покрија западната трибина со неколку кореографии, а дел од прославата беа и навивачите на Шалке, како и бендот Некст Тајм кои ги пееја популарнате „Ја излези Ѓурѓо“ и „Слушам кај шумат шумите“.
Единствениот гол на дербито беше дело на македонскиот репрезентативец Висар Муслиу, кој со глава ја затресе мрежата на Пелистер во 65-та минута.