Макпетрол преку контра-напади до победа над Рамстор

Екипите на Макпетрол, Македонски Телеком и Лукоил славеа победи во вториот ден од 10. коло во Бизнис лигата на Македонија.

Макпетрол преку контра-напади до победа над Рамстор

Рамстор 1-5(0-2) Макпетрол

Рамстор: Ибрахим Бекир 30’

Макпетрол: Христијан Мицевски 4’ Александар Мишоски 11’ Мишо Ѓоргиевски 30’ 33’ Мартин Дејаноски 33’

Првата фаза од полувремето помеѓу екипите на Рамстор и Макпетрол помина во многу висок ритам на игра, двете екипи уште на самиот почеток наметнаа напаѓачки фудбал. Во ова полувреме видовме многу воиграни акции и одлични потези. Екипата на Макпетрол во 4та минута успеа да го отвори резултатот за водство од 1-0, по ова водство екипата на Рамстор тргна во целосна офанзива по израмнување. Екипата на Рамстор не успеа да реализира неколку одлични шанси и екипата на Макпетрол успеа таа неефикасност да ја казни и да го зголеми резултатот на 2-0. Во второто полувреме уште на самиот старт екипата на Рамстор се пресели на противничката половина со една цел, да го изедначи резултатот, но голманот на екипата на Макпетрол прикажа одлична игра и успеа да го сочува својот гол. Екипата на Макпетрол до крајот на натпреварот преку контра напади успеа да ја казни таа отворена игра на Рамстор и да го добие овој натпревар со 1-5.

Македонски Телеком ги искористи грешките на Сава Осигурување и дојде до победата

Сава Осигурување 3-6(1-2) Македонски Телеком

Сава Осигурување: Андреј Китановски 20’ 39’

Македонски Телеком: Стефан Наскоски 13’ 38’ Михајло Лазаревски 18’ 37’ Гоце Филипов 23’ Петре Велигденов 23’

Екипите на Сава Осигурување и Македонски Телеком го отворија натпреварот доста претпазливо, играта се одвиваше на средината на теренот и двете екипи ги одмеруваа своите сили. До средината на полувремето и двете екипи имаа по неколку полушанси но голманите беа на висина на задачата и имаа успешни интервенции. Во 13та минута екипата на Телеком успеа да искористи кикс на голманот на Сава Осигурување и да го отвори резултатот за водство од 0-1. До крајот на полувремето двете екипи постигнаа по еден погодок и на полувремето се замина со резултат од 1-2. Во второто полувреме екипата на Сава Осигурување уште на самиот почеток во своите редови внесе голман играч обидувајќи се да го израмни резултатот, тие не успеаа да ги искористат своите шанси. Екипата на Телеком во второто полувреме сите свои шанси успеа да ги преточи во погодоци па го доби овој натпревар со резултат од 3-6.

Лукоил не дозволи изненадување во дуелот со Уни Банка

Уни Банка 4-5(1-3) Лукоил

Уни Банка: Васил Митровски 5’ 40’ Иванчо Антовски 28’ Александар Јовановски 35’

Лукоил: Мартин Алаѓозовски 5’ 17’ 34’ Гоце Мојсоски 20’

Одлично прво полувреме одиграа екипите на Уни Бнака и Лукоил, двете екипи веднаш по судискиот свиреж започнаа со офанзивен фудбал. Уште на самиот почеток видовме одлични шанси за погодок, прва до водство дојде екипата на Уни Банка во 5та минута. Но радоста кратко траеше екипата на Лукоил уште во истата минута успеа да го израмни резултатот, по овие погодоци следуваше смирување на темпото и играта се одвиваше главно на средината на теренот. Во финишот од полувремето екипата Лукоил успеа да постигне уште два погодоци и на паузата да замине со поволен резултат од 1-3. Во второто полувреме двете екипи продолжија во висок ритам на игра уште од самиот почетокот се редеа шанси. Екипата на Уни Банка во второто полувреме го подигна нивото на игра и успеа да реализира своите шанси и резултатски да се доближи до Лукоил и да го внесе резутатот во неизвесна завршница. Екипата на Лукоил искуно го приврши овој натпревар и не дозволи екипата на Уни Банка да направи изненадување. Натпреварот заврши со резултат од 4-5.

6 декември 2017 - 08:57