Во израмнет натпревар Аџибадем Систина и Фабрика Карпош ги поделија бодовите

Екипите на Рамстор и ЕВН броеа до 10, а Аџибадем Систина и Фабрика Карпош одиграа без победник во вториот ден од 3. коло во Бизнис лигата на Македонија.

Во израмнет натпревар Аџибадем Систина и Фабрика Карпош ги поделија бодовите

Аџибадем Систина 3-3(2-1) Фабрика Карпош
Аџибадем Систина: Ивица Петровски 15’ Далибор Дамјановиќ 18’Бојан Саздовски 24’
Фабрика Карпош: Игор Николовски 16’ Александар Божиков 26’ 34’

Екипата на Аџибадем Систина во дуелот со Фабрика Карпош иако влезе доста офанзивно од самиот старт натпреварот го отвори во 15 минута преку Петровски кој им донесе водство од 1-0, но после една минута Фабрика Карпош одговори преку Николовски кој изедначи на 1-1. Се играше егал натпревар се до самиот финиш на полувремето кога Аџибадем Систина преку Дамјановиќ успеа да дојде до водство од 2-1 на полувремето. Во второ полувреме Аџибадем Систина со одлична игра успеа да стигне до предност од 3-1, но Фабрика Карпош го имаше во своите редови расположениот Александар Божиков кој со своите погодоци израмни на конечни 3-3.

Гранит во ослабен состав не можеше да му парира на Рамстор

Гранит 1-10(0-4) Рамстор
Гранит: Кристијан Крстевски 29’
Рамстор: Ведат Арслан 9’ 10’ Фурхан Муртезан 15’ 17’ Ибрахим Бекир 22’ 33’ Емир Сулоски 23’ 27’ Михрем Мемед 26’ Алтај Иметовски 40’

Екипата на Гранит во дуелот со Рамстор влезе во ослабен состав без дел од клучните играчи. Рамстор имаше одличен пристап уште од самиот почеток и во текот на целиот натпревар наметна игра која ослабениот Гранит не можеше да ја прати. Рамстор стекна солидна предност уште на самиот почеток која од минута во минута ја зголемуваше за да на крајот го добие овој натпревар со 1-10.

Со одлична реализација ЕВН дојде до победа над Раде Кончар

ЕВН 10-1(4-0) Раде Кончар
ЕВН: Ајет Новобрдарија 7’ Виктор Валканчев 10’ 22’ Наум Бадаловски 13’ 15’ Вилијам Митев 30’ 33’ Томи Илиевски 26’ Игор Рајчин 35’ Бојан Тодоровски 39’
Раде Кончар: Сашо Трпчевски 24’

Во првото полувреме екипите на Раде Кончар и ЕВН играа доста офанзивен фудбал со целосен акцент на играта во нападот. Прва до водство дојде екипата на ЕВН по што Раде Кончар се обидоваше во отворен фудбал да фати резултатски приклучок но слабата реализација не им го дозволи тоа. ЕВН ги искористи грешките во одбраната на Раде Кончар и со одлична реализација успеа да отиде на полувремето со резултат од 4-0. Во второто полувреме ЕВН продолжи со одлична игра за која Раде Кончар немаше одговор. Од минута во минута ЕВН го зголемуваше водството за да на крајот извојува убедлива победа од 10-1.

18 октомври 2017 - 09:14