Аџибадем Систина во неизвесна завршница до победа над Вип

Матрикс, Макпетрол и Аџибадем Систина славеа победи во првиот ден од 11 коло во Бизнис лигата на Македонија.

Аџибадем Систина во неизвесна завршница до победа над Вип

Аџибадем Систина 3-2(2-0) Вип

Аџибадем Систина:Бојан Саздовски3’ Александар Јаневски 18’ Далибор Дамјановиќ 33’

Вип: Зоран Николоски 23’Илчо Удовалиев 31’

Прво полувреме во висок ритам одиграа екипите на Систина и Вип, двете екипи уште на самиот почеток влегоа жестоко во безпоштедна борба. Во таквата бркотница низ теренот видовме рано водство уште во 3та минута за екипата на Систина со одличниот погодок на својот голман Саздовски. По ова водство екипата на Вип во фаза на напад се обидуваше преку својот голман да направи вишок играч во нападот и да постигне погодок за израмнување. Сепак таквата отворена игра на екипата на Вип успеа да ја искористи екипата на Систина и на полувреме да замине со водство од 2-0. Во второто полувреме уште на самиот почеток екипата на Вип вршеше притисок кон противничкиот гол што резултираше со погодок во 23та минута преку Николовски и намалување на водството на Систина на 2-1. Во 31та минута екипата на Вип од прекин со одличен погодок на својот голман Удовалиев успеа да дојде до израмнување од 2-2. По ова натпреварот влезе во неизвесна завршница, но сепак екипата на Систина беше поснаолива и успеа да го заврши овој натпревар со резултат во нејзина корист од 3-2.

Матрикс убедлив во дуелот со Окта

Окта 2-8(0-6) Матрикс

Окта: Никица Богдановски 23’ Драганче Стојановски 31’

Матрикс: Мирко Богески8’ Дарко Насевски 9’ Ивица Алампиоски 12’ 19’ Драган Брњарчевски 15’ 19’ Петре Даиловски 31’ 37’

Натпреварот помеѓу екипите на Окта и Матрикс започна динамично со по неколку шанси и на двете страни. По ваквото отварање следуваше смирување на играта, која главно се одвиваше на средината на теренот, сепак кон средината на полувремето екипата на Матрикс ја започна својата препознатлива игра со многу комбинаторика и успеа да ги реализира шансите кои ги створи. Во ова прво полувреме екипата на Окта немаше одговор за играта на Матрикс па на полувремето замина со негатива од 0-6. Во второто полувреме екипата на Окта на почетокот ја превзема иницијативата и се обиде да ја намали високата негатива но екипата на Матрикс одлично ја имаше поставено својата одбрана, успеа да одолее на овој притисок и преку контра-напади да го зголемува водството кое на крајот од натпреварот изнесуваше 2-8.

Макпетрол ја имаше контролата над топката и го доби дуелот со Пекабеско

Пекабеско 3-6(1-2) Макпетрол

Пекабеско: Мартин Здравевски 18’30’37’

Макпетрол: Мартин Дејаноски 8’ 26’ 26’ Мишо Ѓоргиевски 12’ Александар Мишоски 28’ Ибраим Исмаили 35’

Во воведните минути од дуелот помеѓу Пекабеско и Макпетрол видовме цврст фубал без многу шанси за гол и на двете страни. Двете екипи се обидуваа со удари од далечина да постигнат погодок но и двајцата голмани беа одлични и не го дозволуваа тоа. Кон средината на полувремето екипата на Макпетрол успеа да реализира одличен контра-напад и да го отвори реултатот, по примениот погодок екипата на Пекабеско тргна во офанзива со голман играч со цел да го изедначи резултатот. До крајот на полувремето и двете екипи успеаа да постигнат по еден погодок па на полувремето се замина со резултат од 1-2. Во второто полувреме видовме динамична игра, двете екипи тргнаа во жестока пресметка. Екипата на Пекабеско уште на самиот почеток ја превзема иницијативата со цел да дојде до израмнување, но сепак екипата на Макпетрол се до последниот свиреж ја имаше контролата над топката и го доби овој натпревар со 3-6.

12 декември 2017 - 09:16