Екипите на Гранит и ЕВН одиграа реми

Во третиот ден од 9. коло во Бизнис лигата на Македонија две средби завршија без победник, а бодови освои само екипата на ЈСП.

Фабрика Карпош и Лукоил ги поделија бодовите

Фабрика Карпош 6-6(2-2) Лукоил

Фабрика Карпош: Александар Божиков 10’ 11’ 30’ 35’ 39’ Тони Мировски 32’

Лукоил: Мартин Алаѓозовски 1’ 23’ Марјан Цветковски 13’ 31’ 40’ Дејан Зиков 36’

Првото полувреме од натпреварот помеѓу Фабрика Карпош и Лукоил се одвиваше во висок ритам со отворен и напаѓачки фудбал. Екипата на Лукоил уште на самиот старт во првата минута постигна погодок со што најави ефикасно прво полувреме, по овој погодок екипата на Фабрика Карпош успеа да ги консолидира своите редови и преку одличниот Божиков во 10та минута да го изедначи резултатот, а веднаш потоа во 11та минута и да премине во водство. Екипата на Лукоил до самиот крај на полувремето не се предаваше и успеа да дојде до изедначување од 2-2. Во второто полувреме видовме израмнет фудбал, двете екипи беа попретпазливи и играта главно се одвиваше на средината од теренот. За одблележување во ова полувреме се одличните одбрани на двајцата голмани. До 30та минута видовме по еден гол на двете страни, со што натпреварот влезе во неизвесна завршница. Во остатокот од натпреварот видовме многу убави голови, но ниту една од екипите не успеа резултатски да се одвои па на крајот ги поделија бодовите со резултат од 6-6.

Во последните минути од натпреварот ЈСП ги однесе бодовите

Халк Банка 3-4(1-2) ЈСП

Халк Банка: Алпер Тахир 17’ 34’ Влатко Блажевски 24’

ЈСП: Даниел Антовски 4’ 19’ 25’ Сабит Хусеини 38’

Првото полувреме од натпреварот помеѓу Халк Банка и ЈСП видовме динамичен фудбал со многу комбинаторика и воиграни акции. Во првата фаза од полувремето екипата на ЈСП беше таа која ја превзема иницијативата и успеа во 4та минута да го отвори резултатот. Екипипата на Халк Банка по примениот гол жестоко нападна кон противничкиот гол и во 17та минута успеа да го изедначи резултатот. Екипата на ЈСП на ова одговори со внесување во игра на голман-играч што вроди со плод и на полувремето заминаа со резултат од 1-2 во нивна полза. Во второто полувреме отворен фудбал уште од самиот почеток, екипата на Халк Банка во 24та минута успеа да го израмни резултатот. По ова израмнување следеше жестока борба на целиот терен, двете екипи успеаа да постигнат по еден погодок и да остават во последните 7 минути да се одлучи победникот. Во последните минути од натпреварот екипата на ЈСП со одличен контра напат преку хусеини успеа да реализира и да ги однесе бодовите со резултат од 3-4

Екипите на Гранит и ЕВН одиграа реми

Гранит 4-4(2-3) ЕВН

Гранит: Сашо Каровски – Џуме2’ Кире Божиновски 7’ Дарко Стојановски 27’ 28’

ЕВН: Бојан Симоноски 4’ Томи Илиевски 11’ Вилијам Митев 12’ Бојан Маџовски 37’

Во првото полувреме од натпреварот помеѓу Гранит и ЕВН видовме одличен фудбал со многу шанси и убави голови. Двете екипи веднаш по првиот судиски свиреж тргнаа во офанзива, екипата на Гранит во 2та минута преку Каровски го отвори резултатот и најави ефикасен натпревар. По примениот погодок екипата на ЕВН за брзо успеа да се врати резултатски во игра и веднаш потоа да направи целосен пресврт. До крајот на полувремето Гранит со сите сили се обидуваше да дојде до израмнување но до крајот од полувремето не успеа во тоа. Во второто полувреме иста слика динамична игра, двете екипи уште на самиот почеток започнаа со офанзивна игра. ДО самиот финиш на натпреварот Гранит го имаше резултатот во своја полза но екипата на ЕВН успеа во финишот да го израмни резултатот на 4-4. ЕВН имаше и играч плус но таа предност не успеа да ја претвори во гол па натпреварот заврши со израмнет резултат од 4-4.

30 ноември 2017 - 16:13