Екипите на ЕЛЕМ и Еуро Табак ги поделија бодовите

Пекабеско го пресврт го доби мечот против Уни Банка, а ЕЛЕМ и Еуро Табак одиграа без победник во првиот ден од 7. коло во Бизнис лигата на Македонија.

Екипите на ЕЛЕМ и Еуро Табак ги поделија бодовите

ЕЛЕМ4-4(1-3) Еуро Табак

ЕЛЕМ: Антонио Ничевски 11’ 23’ Синиша Ковачевиќ 30’ Димче Димитриевски 40’

Еуро Табак: Дејан Младеновски 3’ 4’ 25’ Коста Гичев 6’

Седмото коло од Бизнис Лигата на Македонија го отворија екипите на ЕЛЕМ и Еуро Табак

Прво полувреме исполнето со многу шанси за гол и на двете страни, уште на самиот старт екипите на ЕЛЕМ и Еуро Табак започнаа напаѓачки фудбал. Екипата на ЕЛЕМ во овој натпревар важеше за фаворит, но денес расположениот Еуро Табак уште на самиот почеток на натпреварот со одлична игра успеа да направи предност од 0-3. Екипата на ЕЛЕМ во 13 та минута успеа да го намали водството на Еуро Табак со прекрасниот погодок на својот голман-играч Ничевски, кој од својата половина успеа да ја затресе противничката мрежа. Во вториот дел од полувремето екипата на ЕЛЕМ ја превзема иницијативата и со брзи напади се обидуваше да го израмни резултатот но до крајот на полувремето не успеа во тоа и на паузата се замина со резултат од 1-3. Во второто полувреме екипата на ЕЛЕМ успеа да ги консолидира своите редови и превзеде иницијатива, тргна жестоко кон противничкиот гол. Во 30та минута од натпреварот екипата на ЕЛЕМ успеа резултатски да се доближи да го доведе натпреварот во неизвесна завршница. Кога сите очекуваа натпреварот да заврши со победа на Еуро Табак, Димитриевски во последната минута од натпреварот успеа да постигне гол и натпреварот да заврши со конечни 4-4.

Пекабеско со пресврт до победа во дуелот со Уни Банка

Уни Банка 2-3(1-2) Пекабеско

Уни Банка: Александар Кузинаков 7’ 10’

Пекабеско:Дејан Неделковски 15’ Петар Киприновски 32’ Бобан Вујиќ 37’

Интересно прво полувреме одиграа екипите на Уни Банка и Пекабеско, полувреме кое беше исполнето со одлични акции, атрактивни потези и убави голови. Во таквата отворена игра прва до водство дојде екипата на Уни Банка, во 10та минута имаа предност од два гола. Екипата на Пекабеско за брзо успеа да фати резултатски приклучок и во 15та минута да го намали водството на 1-2. До крајот на првото полувреме играта главно се одвиваше на средината на теренот, без посериозни шанси на двете страни. Во второто полувреме екипата на Пекабеско уште на самиот почеток успеа да превземе иницијатива и да нападне кон противничкиот гол, во 30та минута успеаа да постигнат гол и да го изедначат резултатот. Во финишот од натпреварот настана вистинска бркотница на теренот, екипата на Пекабеско успеа да направи резултатски пресврт и да дојде до предност од 2-3. Екипата на Уни Банка во 38та минута од натпреварот не успеа да искористи пенал за израмнување на резултатот па го загуби истиот со резултат од 2-3.

14 ноември 2017 - 16:22