Расположениот Макпетрол ја совлада екипата на ЕЛЕМ

Во третиот ден од 3. коло на Бизнис лигата на Македонија победи славеа Гранит и Макпетрол, а Аџибадем Систина и Уни Банка си ги поделија бодовите.

Во напаѓачки фудбал Гранит подобар од Вип

Гранит 5-3(3-1) Вип

Гранит: Сашо Каровски 8’ Дарко Стојановски 13’ 30’ Стефан Тевдовски 15’ Пепи Мицев 40’

Вип: Мартин Ангеловски 3’ Дарко Димитриевски 37’ Ненад Богдановиќ 39'

Екипите на Гранит и Вип одлично го отворија натпреварот, двете екипи тргнаа напаѓачки кон противничкиот гол. Екипата на Вип уште во третата минута го отвори резултатот со голот на Ангеловски, екипата на Гранит брзо се врати во игра во осмата минута преку еден контра напад Каровски успеа да го израмни резултатот, овој гол како да ја охрабри екипата на Гранит која стави се на една карта и беше фокусирана само на нападот. До крајот на полувремето успеа да постигне уште два гола и да го добијат со резултат од 3-1. Во второто полувреме екипата на Вип уште во самиот почеток почна да врши притисок кон голот на Гранит обидувајќи се да ја анулира предноста од полувремето. Екипата на Гранит ја спушти топката се фокусира на одбраната и преку контра напади користејќи ги грешките на Вип го зголемија водството за победа на овој натпревар со 5-3.

Аџибадем Систина и Уни Банка ги поделија бодовите

Аџибадем Систина 4-4(2-0) Уни Банка

Аџибадем Систина: Стефан Трајановски 6’ Игор Ѓорѓиевски 20’ 36’ Кристијан Димковски 35’

Уни Банка: Владислав Хаџидинев 22’ Васил Митровски 24’ 40' Ѓорѓи Пецевски 26’

Возбудливо прво полувреме одиграа екипите на Аџибадем Систина и Уни Банка, и двете екипи ставија акцент на нападот. Екипата на Аџибадем Систина во 6та минута преку Трајановски го отвори резултатот, по ова водство на Аџибадем Систина екипата на Уни Банка преку тактиката голман играч вршеше притисок кон голот на Аџибадем Систина, но сепак екипата на Аџибадем Систина успеа да одолее на притисокот и во последната минута од полувремето успеа да го зголеми водството на 2-0. Во второто полувреме нова слика екипата на Уни Банка жестоко кон голот и за неполни 7 минути успеа да направи целосен пресврт од 2-3. Екипата на Аџибадем Систина во играта вметна голман играч и тргна со сите сили кон голот на Уни Банка, со оваа промена во тактиката добија играч плус во нападот кој беше доволен за Аџибадем Систина да се врати во натпреварот но не и комплетно да го превземе водството. Натпреварот заврши со нерешен резултат од 4-4.

Расположениот Макпетрол ја совлада екипата на ЕЛЕМ

ЕЛЕМ 2-7(1-4) Макпетрол

ЕЛЕМ: Димче Димитриевски 16’ Антонио Ничевски 27’

Макпетрол: Мартин Дејаноски 13’ 21’ Мишо Ѓоргиевски 14’ 21’ Александар Мишовски 16’ 18’ Бенер Бекиовски 22’

Интересно прво полувреме исполнето многу шанси и прекрасни потези одиграа екипите на ЕЛЕМ и Макпетрол. Прва до водство дојде екипата на Макпетрол во 13та минута, една минута подоцна екипата на Макпетрол преку прекрасниот погодок на Ѓоргиевски го зголеми водството на 0-2. По ова водство екипата на ЕЛЕМ успеа да ги консолидира своите редови и преку Димитриевски да го намали водството на 1-2. До крајот на полувремето екипата на Макпетрол постигна уште два погодоци и резултатски се одвои. Во второто полувреме денеска расположениот Макпетрол уште на самиот почеток успеа да направи висока предност, екипата на ЕЛЕМ немаше одговор на оваа игра и само со еден погодок успеа да ја ублажи високата разлика од 2-7 со која Макпетрол го доби овој натпревар.

2 ноември 2017 - 09:00