Во натпревар со висок ритам Матрикс ја совлада екипата на Сава Осигурување

Деветтото коло во Бизнис лигата на Македонија со победи го отворија екипите на Матрикс, Раде Кончар и Рамстор.

Во натпревар со висок ритам Матрикс ја совлада екипата на Сава Осигурување

Сава Осигурување 1-5(1-2) Матрикс

Сава Осигурување: Данило Поповски 7’

Матрикс: Дарко Цветковски 8’ 30’ 34’ Петре Даиловски 14’ Никола Христовски 32’

Деветото коло од Бизнис Лигата на Македонија го отворија екипите на Сава Осигурување и Матрикс.

Прво полувреме исполнето со многу шанси и одлични воиграни акции видовме во првиот натпревар од ова коло. Уште на самиот почеток во првата фаза од полувремето двете екипи започнаа жестоко, напаѓачки кон противничкиот гол. Резултатот прва го отвори екипата на Сава Осигурување, но радоста кратко траеше минута подоцна екипата на Матрикс успеа да го израмни резултатот. До крајот на полувремето и двете екипи имаа по неколку одлични шанси, но голманите беа на ниво на задачата се до 15’ минута кога екипата на Матрикс искористи грешка во одбраната на Сава Осигурување и го зголеми резултатот на 1-2 со кој се отиде на полувремето. Во второто полувреме иста слика, жесток ритам на игра со многу шанси за гол и на двете страни. Видовме борба за топка на секоја педа од теренот со многу жар и пожртвуваност во ваквата игра подобро се снајде екипата на Матрикс која успеа во неколку наврати да реализира и да го добие овој натпревар со резултат од 1-5.

Раде Кончар во второто полувреме до победа над Окта

Раде Кончар 5-2(1-1) Окта

Раде Кончар: Сашо Василовски 6’ Даниел Ивановски 32’ Стефан Ицковски 35’ Сашо Трпчевски 37’ Маријан Баждаров 39’

Окта: Александар Јовчевски 6’ Шеќо Личина 29’

Во првото полувреме од натпреварот помеѓу Раде Кончар и Окта видовме доста израмнета игра со многу додавања и игра главно на средината од теренот. Двете екипи во почетната фаза од полувремето створија по една шанса за гол кои успеаа да ги искористат, во 6та минута резултатот на семафорот изнесуваше 1-1. По ова следуваше смирување на темпото и двете екипи се фокусираа на одбраната и со удари од далечина се обидуваа да го изненадат противничкиот голман. До крајот на полувремето ниту една од екипите не успеа резултатски да се одвои па затоа на полувремето се замина со изедначен резултат од 1-1. Во второто полувреме и двете екипи го подигнаа темпото на игра се посветија на нападот и створија многу шанси за гол. Екипата на Раде Кончар имаше повеќе од играта, беше пококретна и шансите успеа да ги претвори во голови. Екипата на Окта денеска имаше слаба реализација и не ги искористи многуте шанси за гол. Натпреварот заврши со резултат од 5-2.

Рамстор со целосен пресврт до победа над Вип

Рамстор 7-3(1-2) Вип

Рамстор: Ведат Арслан 20’ 35’ 36’ 37’ Фурхан Муртезан 33’ Михрем Мемед 40’ Ибрахим Бекир 40’

Вип: Милан Аврамовиќ 8’ Илија Наумовски 10’ Јовица Наумовски 38’

Првата фаза од полувремето помеѓу екипите на Рамстор и Вип измина со одмерување на силите на теренот, екипите беа претпазливи и играта се одвиваше на средината на теренот. По овој мирен почеток екипата на Вип беше таа што наметна повисок ритам на игра и тргна во нпадот, тоа резултираше со погодок во 8та минута а потоа дојде и до зголемување на водството во 10та минута. Екипата на Рамстор по овој погодок на Вип направи измени во својата постава со цел да дојде до намалување на водството во што и успеа во 20та минута за резултат од 1-2 на полувремето. Во второто полувреме се сменија улогите екипата на Рамстор беше таа што вршеше притисок во нападот со цел да го изедначи резултатот. Во 33та минута резултатот на семафорот гласеше 2-2, со што натпреварот влезе во динамична и неизвесна завршница. Во последните минути од полувремето екипата на Рамстор беше поснаодлива и преку расположениот Арслан успеа сите свои шанси да ги претвори во погодок и да дојде до целосен пресврт и победа на овој натпревар со 7-3.

28 ноември 2017 - 10:46