Гранит во последните секунди до победа со Халк Банка

Екипите на Уни Банка, Уника и Гранит славеа победи во третиот ден од 11. коло во Бизнис лигата на Македонија.

Еуро Табак немаше доволно сили за целосен пресврт во дуелот со Уни Банка

Уни Банка 5-3(3-0) Еуро Табак

Уни Банка: Васил Митровски 7’ 10’Александар Јовановски16’Александар Кузинаков27’ 39’

Еуро Табак: Дејан Јанковски 39’ Дејан Младеновски 40’ 40’

Интересно прво полувреме одиграа екипите на Уни Банка и Еуро Табак, двете екипи уште од самиот старт започнаа отворена пресметка со цел за брзо водство. Во оваа прва фаза од полувремето екипата на Уни Банка со голман-играч создаваше вишок во нападот што резултираше со водство од 2-0 во 10та минута. По ова водство екипата на Еуро Табак направи неколку ротации во тимот и притисна кон противничкиот гол со цел да го изедначи резултатот. Во финишот од полувремето екипата на Еуро Табак имаше неколку одлични шанси за намалување на резултатот кои не успеаа да ги искористат, по што следеше казна од страна на Уни Банка за зголемување на резултатот на 3-0 со кој се замина на полувремето. Во второто полувреме иста слика брз ритам на игра, екипаата на Еуро Табак беше таа која притискаше кон голот без реализација, а екипата на Уни Банка ги искористи сите грешки во одбраната и го зголемуваше резултатот. Во финишот од натпреварот екипата на Еуро Табак серазбуди успеа да постигне 3 гола и да ја ублажи разликата која на крајот од натпреварот изнесуваше5-3во корист на Уни Банка.

Уника ги искористи грешките на одбраната за победа во дуелот со ЕЛЕМ

Уника 4-2(2-1) ЕЛЕМ

Уника: Шабан Чупи 13’ 32’ Бесими Нухиу 14’ 40’

ЕЛЕМ: Горан Николов 18’ Антонио Ничевски 24’

Првата фаза од полувремето во натпреварот помеѓу Уника и ЕЛЕМ помина мирно, двете екипи одлично ги имаа поставено своите одбрани и играта гкавно се одвиваше на средината од теренот. Во средината на полувремето екипата на Уника успеа да искористи кикс на голманот на ЕЛЕМ и да го отвори резултатот, за веќе во наредната минута да организира одличен напад и да реализира за 2-0. По ова екипата на ЕЛЕМ направи ротација во играчкиот кадар и се префрли на половината на Уника вршејќи постојан притисок за намалување на водството, во тоа и успеа во 18та минута за резултат од 2-1 на полувремето. Во второто полувреме уште од самиот старт двете екипи наметнаа жесток ритам на игра, екипата на ЕЛЕМ успеа да постигне погодок и да го израмни резултатот по што натпреварот влезе во неизвесна завршница. Во таа бркотница во последните минути поснаодлива беше екипата на Уника која успеа да постигне два гола и да дојде до победа од 4-2.

Гранит во последните секунди до победа со Халк Банка

Халк Банка 3-4(3-3) Гранит

Халк Банка: Влатко Блажевски 2’ Мартин Дамески 7’ Алпер Тахир 13’

Гранит: Стефан Тевдовски 8’ Дарко Стојановски 10’ 18’ 40’

Ефикасно прво полувреме одиграа екипите на Халк Банка и Гранит, двете екипи во натпреварот влегоа без тактизирање и фокусирани на нападот. Екипата на Халк Банка беше таа која прва ја превзема иницијативата, беше конкретна и во 7та минута веќе имаше предност од 2-0. Екипата на Гранит успеа да најде дополнителна мотивација и по само неколку минути се врати целосно во натпреварот во 10та минута резултатот изнесуваше 2-2. До крајот на полувремето и двете екипи постигнаа по уште еден гол за резултат од 3-3. Во второто полувреме двете екипи беа претпазливи и фокусиране повеќе на одбраната, се обидуваа со удари од далечина да го отворат резултатот. Голманите во ова полувреме беа на висина на задачата и успеаа да скротат многу удари на противничките играчи. Како одминуваше натпреварот во последните минути темпото на игра се зголемуваше 40та минута кога екипата на Гранит успеа да постигне гол за победа на овој натпревар.

14 декември 2017 - 09:10