Матрикс покажа перфекција во дуелот со Уника

Екипите на Макпетрол, Матрикс и Уни Банка славеа победи во вториот ден од 8. коло во Бизнис лигата на Македонија.

Во неизвесен натпревар Уни Банка ја совлада екипата на Вип

Уни Банка 3-2(2-1) Вип

Уни Банка: Иванчо Антовски 4’ Владислав Хаџидинев 9’ Васил Митровски 35’

Вип: Мартин Ангеловски 11’ Дарко Димитриевски28’

Почетокот на првото полувреме од натпреварот помеѓу Уни Банка и Вип помина во тактичко надмудрување, двете екипи беа претпазливи и ги испитуваа силите на противникот. По овие почетни минути екипите започнаа со поофанзивна игра, во 4та минута екипата на Уни Банка преку одличен контра напад успеа да го отвори резултатот. Неколку минути подоцна екипата на Уни Банка успеа со прекрасен гол преку Хаџидинев успеа да го зголеми водството на 2-0. По ова водство на Уни Банка екипата на Вип со честа ротација на играчите успеа да ја пронајде својата игра и да го намали резултатот на 2-1 на полувремето. Во второто полувреме и двете екипи започнаа со офанзивна игра, во средината на полувремето екипата на Вип успеа да постигне погодок и да го израмни резултатот со што влеговме во неизвесна завршница. Сепак екипата на Уни Банка во 35ѕа минута од натпреварот успеа да реализира одличен контра напад и успеа да постигне погодок за победа на овој натпревар со резултат од 3-2.

Матрикс покажа перфекција во дуелот со Уника

Уника 2-8(0-2) Матрикс

Уника: Влатко Деспотовски 20’ Љуљзим Каштањева 30’

Матрикс: Антонио Богдановски 10’ Петре Даиловски 19’ 22’ 27’ 35’ Мирко Богески 29’ 33’ Драган Брњарчевски 37’

Динамично прво полувреме одиграа екипите на Уника и Матрикс, уште на самиот почеток двете екипи наметнаа висок ритам на игра но сепак без конкретни шанси за гол. И двете екипи со честа ротација на играчи се обидуваа да стигнат до противничкиот гол и да го отворат резултатот на натпреварот, во тоа прва успеа екипата на Матрикс која во 10та минута преку Богдановски стигна до предност од 1-0. Во завршниот дел од полувремето екипата на Уника вршеше притисок кон голот на Матрикс но тоа остави дупка во одбраната која Даиловски вешто ја искористи за резултат од 0-2 на полувремето. Во второто полувреме на самиот старт екипата на Уника успеа да постигне погодок и како да доби мотивација, жестоко тргна кон противничкиот гол. Сепак екипата на Матрикс оваа отворена игра на Уника преку контра-напади успеаа да ја казни и до крајот на овој натпревар само го зголемуваше водството по победа со конечен резултат од 2-8.

Макпетрол со континуирано добра игра до победа над Фабрика Карпош

Фабрика Карпош 2-7(1-2) Макпетрол

Фабрика Карпош: Ѓорги Божиков 8’ 23’

Макпетрол: Христијан Мицевски 1’ Мишо Ѓоргиевски 8’ 26’ 28’ 29’ Александар Мишоски 29’ Чедомир Сарџовски 30’

Екипите на Фабрика Карпош и Макпетрол одлично го отворија натпреварот, уште во првата минута екипата на Макпетрол успеа да го отвори резултатот со што најави одличен натпревар. По овој рано постигнат погодок двете и екипи продолжија со постојани напади и шанси кон противничкиот гол. Во 8та минута екипата на Фабрика Карпош успеа да постигне погодок и да го израмни резултатот, но тоа траеше кратко бидејќи во истата минута екипата на Макпетрол успеа да го врати водството во своја корист. На полувремето се отиде со резултат од 1-2. Во второто полувреме уште на самиот старт екипата на Фабрика Карпош успеа да постигне погодок и да го израмни резултатот на 2-2. По ова израмнување екипата на Макпетрол наметна свој стил на игра и тргна кон противничкиот гол, тие до стредината на полувремето веќе имаа солидна предност која беше недостижна за екипата на Фабрика Карпош која го загуби овој натпревар со резултат од 2-7.

22 ноември 2017 - 11:49