Окта со пресврт до победа во дуелот со Бетон

Халк Банка и Окта славеа во вториот ден од 5. коло во Бизнис лигата на Македонија.

Халк Банка преку контра напади до победа над Раде Кончар

Халк Банка 8-3(2-2) Раде Кончар

Халк Банка: Алпер Тахир6’ 30’ 32’Мартин Дамески 16’ Дејан Петкоски 24’ 26’ Влатко Блажевски 33’ 39’

Раде Кончар: Јане Талески 8’ Стефан Ицковски 16’ Сашо Трпчевски 37’

Првото полувреме од натпреварот помеѓу Халк Банка и Раде Кончар се одвиваше во висок ритам, со многу шанси за гол на двете страни. Екипата на халк Банка во 6та минута го отвори резултатот, две минути подоцна екипата на Раде Кончар успеа да се врати во натпреварот и да го израмни резултатот, по овој период следуваше смирување на темпото на игра која се одвиваше главно на средината на теренот. Првото полувреме заврши со резултат од 2-2. Во второто полувреме екипата на Халк Банка беше поконкретна и тргна напаѓачки кон голот на Раде Кончар што резултираше со предност од 4-2 на средината од второто полувреме. Екипата на Раде Кончар се обиде да го достигне водството и тргна напаѓачки, но та ги чинеше скапо екипата на Халк Банка преку контра напади успеа да го зголеми водството и да го добие натпреварот со 8-3.

Окта со пресврт до победа во дуелот со Бетон

Бетон 5-7(3-2) Окта

Бетон: Даниел Аврамовски 21’ Владан Глишич 11’ Виктор Василевски 6’ 7’ 32’

Окта: Славчо Стојковски 3’ 22’ Драганче Стојановски 11’ Александар Јовчевски 33’ 36’ Драганчо Ѓорѓиевски 38’ Никица Богдановски 35’

Првото полувреме од натпреварот помеѓу Бетон и Окта одлично го отворија и двете екипи, уште од самиот почеток наметнаа напаѓачки фудбал. Екипата на Окта го отвори резултатот уште во 3та минута со прекрасен гол на голманот Стојковски од својата половина, на овој погодок одговори Василевски од екипата на Бетон со два прекрасни погодоци во 6та и 7та минута и направи резултатски пресврт. До крајот на полувремето и двете екипи успеаа да постигнат уште по еден го за резултат од 3-2 на полувремето. Во второто полувреме видовме жестока борба низ целиот терен екипата на Окта уште на самиот почеток наметна висок ритам на игра и тргна напаѓачки кон противничкиот гол и успеа да го заврти резултатот во своја полза. На крајот од натпреварот екипата на Бетон имаше обид повторно да се врати во натпреварот внесувајќи голман играч но не успеа во тоа па Окта го доби овој натпревар со 5-7.

1 ноември 2017 - 13:07