Во динамичен натпревар Макпетрол до победа над Џонсон Мети

Лукоил, Македонски Телеком и Макпетрол се израдуваа на победи во третиот ден од 7. коло во Бизнис лигата на Македонија.

Во динамичен натпревар Макпетрол до победа над Џонсон Мети

Џонсон Мети 2-5(0-0) Макпетрол

Џонсон Мети:Христијан Стојановски 33’ Бојан Дејановски 38’

Макпетрол: Мишо Ѓоргиевски 23’ Александар Мишоски 28’ Иван Василев 32’ Мартин Дејаноски 39’ 40’

Прво полувреме во висок ритам одиграа екипите на Џонсон Мети и Макпетрол, двете екипи уште на самиот почеток тргнаа напаѓачки кон противничкиот гол со цел да го отворат резултатот. Во првата фаза од полувремето и двете екипи имаа по две одлични шанси за погодок, но голманите беа на висина на задачата и успеаа да ги сочуваат своите мрежи мирни. По овој жесток почеток следуваше смирување на темпото и играта се одвиваше на средината на теренот. До крајот на полувремето ниту една од екипите не успеа да постигне гол. Во второто полувреме иста слика висок ритам на игра, но екипата на Макпетрол беше поконкретна и успеа да ги реализира своите шанси за гол. Во последните 10 минути екипата на Макпетрол влезе со предност од 2 гола, но екипата на Џонсон Мети со промена на тактиката, внесување на голман-играч успеа да реализира и да го намали водството и да го внесе натпреварот во неизвесна завршница. Сепак екипата на Макпетрол таквата отворена игра на Џонсон Мети ја казни и го доби овој натпревар со 2-5.

Македонски Телеком рутинирано до победа над Бетон

Бетон1-6(1-2) Македонски Телеком

Бетон:Никола Тодоровски 20’

Македонски Телеком: Стефан Наскоски 1’ 12’ Гоце Филипов 32’ Трајче Крстевски 34’ Михајло Лазаревски 39’ Роберт Попоски 40’

Интересно прво полувреме одиграа екипите на Бетон и Македонски Телеком, двете екипи уште на самиот почеток преку брзи напади се обидуваа да ја пробијат противничката одбрана. Екипата на Македонски Телеком уште во раната фаза од полувремето, уште во првата минута успеа да реализира и да го отвори резултатот. По ова рано водство екипата на Телеком ја смири топката и со тоа го намали притисокот кој го вршеше екипата на Бетон. Во 12та минута екипата на Телеком успеа да искористи кикс во одбраната на Бетон и преку Насковски го зголеми водството на 0-2. Во последната минута од полувремето екипата на Бетон успеа да постигне гол и да го намали резултатот на 1-2 со кој резултат се отиде на полувремето. Во второто полувреме и двете екипи продолжија во ист ритам со отворен, напаѓачки фудбал. Во таквата отворена игра екипата на Телеком беше поснаодлива и успеа своите шанси да ги претвори во гол. Во полседните минути од натпреварот екипата на Бетон во игра внесе голман-играч и се обидуваше да ја намали предноста, но екипата на Телеком рутинирано го заврши натпреварот со резултат од 1-5.

Лукоил не дозволи пресврт во дуелот со Гранит

Гранит 3-6(1-2) Лукоил

Гранит: Кристијан Крстевски 7’ Дарко Стојановски 31’ Ернанд Рамдедовиќ 33’

Лукоил: Љупчо Апостоловски 12’ Гоце Мојсоски 18’ Владимир Секулоски 22’ Мартин Алаѓозовски 27’ 40’ Марјан Цветковски 30’

Првата фаза од полувремето во дуелот помеѓу Гранит и Лукоил се одигра во мирен ритам во кој и двете екипи ги одмеруваа силите. Играта се одвиваше на средината од теренот без шанси за гол. Во 7та минута од полувремето екипата на Гранит изведе одличен контра напад кој го круниса со гол за водство од 1-0. По ова водство екипата на Лукоил со промена на тактика и честа ротација ја наметна својата препознатлива игра и во 12та минута успеа да го израмни резултатот на 1-1. Во завршницата од полувремето екипата на Лукоил со брза акција успеа да го изненади противникот и да го сврти резултатот целосно во своја полза со 1-2 на полувремето. Во второто полувреме екипата на Лукоил ја превзеде иницијативата и успеа да направи предност од 3 гола, сепак екипата на Гранит не се предаде и со два гола успеа да ја намали предноста, но искусниот Лукоил не дозволи пресврт и го доби овој натпревар со 3-6.

16 ноември 2017 - 11:26