Како ретко кога навивачите на македонскиот шампион се спремаат да го прослават својот роденден. Во недела организираната навивачка група „Комити“ ќе прослави 30 години од своето основање а поклон за роденденот им е мегдан со битолски Пелистер, на „Градски“ во недела од 18 часот.
Според најавата на социјалните мрежи, Комити спремиле околу 500 бакљи, 200 стробови и десетина димни бомби. Се очекуваат и гости од Гелзенкирхен, навивачите на Шалке како и тетовските Војводи.