Министерот за имиграција и интеграција е мета на гневот на муслиманите во земја откако им предложи на тамошните муслимански главешини дека муслиманките во Данска во некои работи треба да бидат рамноправни со другите жени, на пример, секс пред свадба.
Њујорк Пост објавува сторија за Џо Бајден дека во 2015 (додека се уште беше потпретседател) се сретнал со сопственикот на украинската нафтена компанија за која работи син му, а неколку месеци подоцна извршил притисок врз украинските власти да го отпуштат обвинителот кој започнал истрага околу компанијата. Според Фејсбук и Твитер оваа вест не е според нивни стандарди и не дозволуваат објавување на линк до веста.
Основите доаѓаат од учебниците на источногерманската тајна полиција, Штази, што Путин ги совладува на почетокот од својата кариера, само сега нишанот е кренат многу повисоко.
Истата платформа на која може да ја изгледате најневеројатната збирштина на велнес и надрилекарство, „The goop lab with Gwyneth Paltrow“, сега ја објави документарна серија за измамите на велнесот, индустрија тешка 4500 милијарди долари.
Фирма за организирање секс забави добила 170.000 фунти државна помош за закрепнување од ковид-19. Дел од британските пратеници, женски и либерални, имаат проблем со ова.
Западни медиуми мораат да се враќаат во минатото и да потсетуваат дека на многу сличен отпор на денешните маски, своевремено наидоа и појасите во автомобилите. Во земја во која масовно се ставаат лажни лаживчиња или појасите се врзуваат зад седиште, нас не мора да нè потсетува минатото.
Сексуалните работнички во Швајцарија од следната недела ќе можат да продолжат со работа (кој сака, може и од дома). Подготвени им се и соодветни протоколи со препорачани практики за држење социјална дистанца. Во мирнодопски времиња тоа се викаа пози.
Интернет порно престолнината која многу повеќе помогна во истрпување на мерките за израмнување на кривата отколку која било влада или светски лидер, сега има нов проект чија цел е да „останете чисти дури и кога сте валкани“.
Како и сите низ светов, така и жителите на Нов Зеланд направија залихи на тоалет хартија и брашно. За разлика од сите низ светов, жителите на Нов Зеланд направија и залиха на секс-играчки. Веројатно против монотонија.
Откритието кое доведе до фамозната вијагра сега експериментално се инхалира во болници на неколку краја на светот. Онаа која своевремено беше прогласена за „молекула на годината“, сега се тестира дали на ковид-19 пациентите ќе им помогне да дојдат до он кое најмногу им недостига - кислородот.
Иако пуританци и разно-разни верски задрти и сега ќе ве убедуваат дека ѓаволот не се крие во деталите туку во раката, државна здравствена организација од Њујорк ги потсети луѓето на ноторниот факт дека во вакви моменти, сами себе си се најбезбедниот сексуален партнер.
23-годишната ќерка на Стивен Спилберг објави дека почнала порно кариера (за сега соло), дека истата ќе ја надополни со стриптиз кариера, и дека татко и комплетно го поддржува нејзиниот избор.
Колку и да звучи будалесто, актулниот конфликт меѓу Иран и САД почнува да потсетува на виц. Само што за нас Европјаните, има уште многу работи од кои може да се плашиме.
Турските парламентарци дадоа првична поддршка на законот кој ќе им дозволи на мажите да се извадат од обвинение за секс со малолетничка, доколку потоа се оженат со девојката. Освен женењето, втор критериум во законот е дека односите треба да бидат без „насилство и закани“.
45-годишен педофил, кој не може да изгледа повеќе како педофил и да сака, пред суд изјавува дека не е педофил затоа што се идентификувал како 8-годишно девојче, па затоа и не се страшни делата што ги правел.
Како ретко кога од распаѓањето на СССР, годинава главна вест во САД беше „Русија“, и отприлика тука завршуваат сите сличности околу тоа кој како ја разбрал темава.
Во Шведска законот за силување ќе се промени така што тужениот ќе мора да докажува невиност. Законот практично се сведува на тоа дека ако не се добие експлицитна вербална потврда или демонстрација (како ли па тоа ќе се дефинира?) за желба за секс, една од страните може да тврди дека е силуван/а.
Едната е сериозна и загрижена над сопствената и судбината на светот, пристојна е и интровертна. Другата е неподносливо екстровертна и брбливa. И така, тие две се во константен конфликт. Уште само Ноне им фали...
Харви Вајнстин беше пасиониран кинофил, преземач на ризици, покровител на филмски таленти, сакан татко и чудовиште. Со години, тој беше и мое чудовиште, пишува Селма Хаек во отвореното писмо во Њујорк тајмс, во кое објавува дека и таа е една од жртвите на холивудскиот продуцент.
Како што некои либерали почнаа да сфаќаат изминативе денови дека претседател што има секс со приправничка во Белата куќа е многу лоша работа која не треба да е тргната на страна, така конзервативните коментатори тврдат дека ваквиот тајминг е крајно погоден за Демократите кои ги отфрлаат Клинтонови откако повеќе не им требаат. Ова не е точно. Тајмингот е убедливо непријатен.
Речиси две децении откако феминистките застанаа на страната на Бил Клинтон, најупадливата работа околу моменталниот наплив на обвинувања за сексуални напади и малтретирање, не е ниту сеприсутноста, ниту ликовите кои тоа го извршиле, туку тоа што луѓето им веруваат на жртвите.