Азотниот нитрит е гас со зависно медицинско откритие. Откако беше откриен почнаа да им помага да дојдат до кислород на илјадници новороденчиња кои се борат за воздух поради една вродена срцева мана, а кога се утврди дека истиот помага во релаксирање на крвните садови, тоа доведе до најпознатата сина таблета на светот - вијаграта.
Во 1992 година, магазинот Сајенс го прогласи азотниот нитрит за „молекула на годината“ а во 1998, неговиот фармаколошки татко Луис Игнаро ја сподели Нобеловата награда за медицина, за откривање на „важната молекула за кардиоваскуларниот систем.“
Неговата мисија на ова планета можеби сè уште не е завршена.
Инхалирање на овој гас кој е без боја и без мирис сега се тестира како експериментален третман за ковид-19 и како можна заштита на медицинскиот персоал кој е во првите редови на борбата против болеста.
Се тестира во болници во Бостон, Алабама, Луизана, Швведска и Австрија, во клинички експерименти кај пациенти со поблаги случаи а ковид-19 при што се испитува дали гасот ќе помогне да се намали бројот на пациентите на кои им е неопходна респираторна машина. Во Италија забележале е дека инхалирањето драстично го зголемило нивото на кислород кај пациентите со ковид-19.
Човечкиот организам природно го создава азотниот нитрит со помош на околу 60 билијарди клетки распоредени долж крвните садови (и дополнителни гарнизони клетки во мозокот) и тие помагаат да се регулира крвниот притисок, да се сардисаат токсините, да се спречи згрутчување на крвта и да се сигнализира дека доаѓа храна или секс.
п.с.немојте сега одма како со сумамедот, кој ќе ви ги гледаа страдањата по дома.