Турците имаа крвав викенд со 38 жртви кои загинаа во терористички напад во близина на стадионот на Бешикташ, а тоа донесе потресна слика и солидарен гест на играч со полицијата.
Голем број фудбалери минуваат трнлив пат за да стигнат до врвот, но она низ што поминал Кристијан Карамбе сигурно дека е приказна за долгометражен филм кој би имал рекордна гледаност. Еве и зошто.
Фенербахче успеа да го победи Феенорд на гостински терен и да го потврди првото место во групата. Понатаму за сега одат и АПОЕЛ, Олимпијакос, Сент Етјен, Андерлехт, Зенит, Астра, АЗ Алкмар, Билбао и Генк.
Очекувано лесно, но неочекувано високо Порто со 5:0 го демолираше Лестер во дуел на екипи кои се пласираа понатаму. Борусија Дортмунд со гол во финишот израмни на „Бернабеу“ и како прва во групата пред Реал ќе оди понатаму.
Магазинот Forbes објави рејтинг на најбогатите спортисти во историјата. Кој од големите атлети заработил повеќе од милијарда, а кој е близу да стигне до оваа вртоглава сума?
По првичните најави и барањето на Атлетико Национал, трофејот на второто по ранг клупско јужноамериканско натпреварување да оди во рацете на Шапекоенсе, стигна и официјална потврда. Така и требаше да биде.
Фабрика Карпош и Карпош одиграа доста ефикасен натпревар во првиот ден од 10. коло во Бизнис лигата на Македонија во кој победија остварија Еуролинк и НЛБ Банка.
Ајакс и ПСВ се владетели во холандскиот фудбал во последните две децении со вкупно 17 од можни 21 титула. Но Феенорд и покрај финансиските проблеми почнува да фаќа приклучок во друштво на славното трио и да атакува на титулата која последен пат ја освои кога Круз им беше шпиц.
Во последниот натпревар пред долгата зимска пауза, ракометарите на Вардар вечерва во 9. коло од ЛШ загубија од актуелниот европски првак Кјелце со 27-24.
За сладокусците на голови кои минатиот месец пропуштиле многу хајлатси, повелете една доста фина компилација на топ 30 голови за ноември, сето тоа одлично зачинето со коментатори. Роналдо го нема, ги има Меси и Бејл, но тие се споредни играчи во однос на другите мајстори на листава каде прв заслужено е голманот со лудите ножички во 95-та.
Од Земун преку Прилеп и Пирот патот го носи во Ајндховен, Лондон, Париз, Истанбул, Мадрид, Санкт Петерсбург и Хонг-Конг. Матеја Кежман е најомилениот играч во кариерата на Гус Хидинк и фудбалер кој Тери го спречил да се степа со Жозе Мурињо
Од јануари 2014-та до сега на клупата на 7-кратниот Европски првак седнаа Алегри, Сидорф, Инѕаги, Михајловиќ, Броки и Монтела. Со овој последниов, тимот не само што се искачи на табела онаму каде што го личи, туку стана и двојно поскап.
За првпат во историјата една македонска фудбалска репрезентација ќе игра на едно Европско првенство. Нашите млади момци следната година ќе играат против: Португалија, Србија и Шпанија.
На човекот кој од родниот југ се преселил на север само за да биде поблизу до Јувентус, животот му станал драматичен од кога ја почуствувал сладоста на лесната заработувачка од препродажба на карти во која се вртат милионски суми.
Ако сакате да бркате повеќе голови кај некој тим во кладилница, дефинитивно најдобар избор ви е Монако кој во просек дава по 3. Челси, Лајпциг, Јувентус и Реал Мадрид кои се лидери во другите првенства не се ни блиску до толкава ефикасност.
Ако од 1992-та до 2000-та број 1 во Англија беше Алан Ширер, од 1999-та до 2008-ма тронот не го даваше Тјери Анри. Интересна табела исклучиво со голгетеришта на која во моментов владее Серхио Агуеро.
Во редењето на авионски несреќи кои низ историјата ја имаат погодено спортската фела, не ја споменавме најневеројатната. Многу е тешко да се раскаже во само еден текст, на тоа веројатно ви укажува и насловот. По неа е напишана книга и снимен е филм.
На „вечното“ македонско дерби меѓу Пелистер и Вардар во Битола попладнево славеа Скопјани со 0-1 и ја прекинаа победничката серија на Битолчани. Дербито помина со икс прекини затоа што домашните навивачи го искористија снегот на трибините за да прават топки и да ги гаѓаат судиите и противничките фудбалери. Во еден момент го погодиле линискиот судија Дејан Костадинов кој се пожалил на повреда.
Неверојатниот корејски талент Док-Хи Ли е глув тенисер којшто има сериозна намера да ја врати Кореа во Дејвис Купот и еден ден да застане рамо до рамо со најдобрите светски тенисери. Во таа намера финансиски го помага гигантот Хјундаи.
Снимките се од 14 мај 2000-та кога Јувентус загуби од Перуџа, а Лацио славеше против Реџина за прослава на титулата од епски размери во Рим со оглед на тоа што Јуве имаше +9 на неколку кола пред крај. Чилеански новинар успеал да направи историски снимки по последниот свиреж на судијата кои не сме ги виделе до сега.
Во очекување на официјалните причини за авионската несреќа во која загинаа 19 фудбалери од бразилскиот клуб Шапекоенсе, се наведуваат две претпоставки: Проблеми со електрониката или недостаток на гориво. Фудбалер на Атлетико Национал се плашел кога летал со тој авион.
Болка и солзи на улиците на бразилскиот град Шапеко каде навивачите на Шапекоенсе за последен пат се простија од своите омилени фудбалери кои им донесоа толку многу радост изминативе години.