Неколку факти за најефикасниот тим во досегашниот дел од сезоната во топ 5 лигите кој изненадува со реализацијата и во сенка ги фрла сите гиганти:
- Монако до сега сезонава која не е ниту до пола, има постигнато 60 голови на 24 меча во сите натпреварувања со импресивна просечност од 2,5 по натпревар.
- Во Лига 1 по 15 минати кола имаат неверојатна статистика од 44 дадени и 16 примени голови. Тоа е речиси по 3 на натпревар.
- Во прашање е и тимска игра, а тоа најдобро го докажува фактот што дури 13 различни фудбалери се стрелци на 15-те минати кола во првенството.
- Монако нема Меси или Роналдо во тим. До завчера дури петмина играчи беа со бројка од 5 постигнати голови, а по гостувањето против Дижон 1:1 прв стрелец им е Гвидо Карило кој го постигна шестиот гол.
- Во споредбата со конкурентите за титулата во Лига 1 другите екипи се смешни со ефикасност. Ница 27 голови, а ПСЖ 30.
- Во другите лиги најефикасни се: Ливерпул 32 гола и три повеќе од Челси и Манчестер Сити, Лајпциг и Борусија Дортмунд по 27 со гол повеќе од Баерн, Рома 33 со два повеќе од Торино и четири од Јувентус и Реал Мадрид 36 со три повеќе од Барселона.
- Лига на шампиони? Нема проблем. 9 дадени и 4 примени, прво место во група со 11 бода без пораз и обезбеден пласман на едно коло до крај. Баер Леверкузен има 7 бода, Тотенхем 4, ЦСКА Москва 3.
Табелата на стрелци пред мечот со Дижон.