Приказната на рагбистот Нандо Парадо е толку необична, што 44 години подоцна сè уште се чувствува и се доживува како чудесен. Сега има 66 години, а кога имаше 21 година животот целосно му се промени.
На неговата презентација во Лондон тој држеше 90 минутен монолог за неговата смрт која му се појавила пред лице, за немањето никакви шанси да преживее и за следните четири децении кои ги поминал во размислување за вистинската смисла на животот.
Парадо беше еден од 45-те патници: рагбисти, семејство и пријатели кои како дел аматерскиот уругвајски тим по име Олд Кристијанс, патувале на меч во Чиле на релација Монтевидео - Сантијаго.
За време на лошите временски услови авионот им се сруши на планина во Аргентина. Парадо имал среќа што седел во 9-ти ред. Од 10-ти па се останато позади него исчезнало во заборав на другата страна на планината.
Сè уште се сеќава на тие драматични моменти пред блекаутот и освестувањето по четири дена. Мајка му почина веднаш, а по една недела и се сестра му. Уште една голема среќа за него и останатите преживеани е тоа што авионот при падот се движел како санка низ снегот и не удрил во големи карпи или други пречки од кои можел да се распарчи.
Повеќето од половина патници едвај имале гребнатинка на нив, а други имале скршеници на нозете и без третман никој од нив немал да преживее два и пол месеци во замрзнатото пусто место. Рагбистите од Уругвај прв пат во живот виделе снег.
Претпоставувале дека за брзо време ќе се појават спасувачки екипи, но не оделе така работите бидејќи авионот бил толку надвор од курсот, што го барале на погрешно место. Неговата бела боја се мешала со снегот, сите членови на екипажот биле мртви, а за радио станицата немале батерии.
Сите надежи им биле срушени откако ја виделе ситуацијата во кабината кај пилотот и единственото нешто што го чуле се звучните бранови во 10-от ден и пораката дека потрагата по нив била завршена. Спасувачите сметале дека нема шанси никој да го преживеал падот.
Рагбистите биле напуштени на десетици километри од цивилизација во тешки временски услови на висина од 3.600 метри. Очај кој ги асоцирал на сигурна смрт. Имале мала количина на храна: неколку чоколади, закуска и неколку шишиња вино која ја поделиле меѓусебно, но тоа било премалку за да преживеат.
За да биде приказната уште полоша следува оваа реалност. Рагбистите биле опкружени со замрзнати лешеви од луѓето кои не успеале да преживеат, а за останатите да преживеат, Парадо имал еден луд предлог.
„29 души бевме сè уште живи, напуштени, без храна, вода, без спасувачки екипи, без ништо. Што да се прави? Предложив сосема природна работа, да сосема природна, ќе ги донираме телата. Ако умрам користете го моето тело за барем еден од нас да преживее и да им каже на нашите семејства колку ги сакаме“.
За време на тие кошмарни денови 13 од 29-те преживеани умреле на лице место. Петмина од повреди и уште осуммина од катастрофалната лавина која ги погодила во 17-от ден.
Парадо почнал да ги дели телата за да ги користат како храна, единствен начин за да се стави нешто во уста во празните стомаци. Тој верува дека сепак рагбито ги спасило од смрт.
„Дисциплина, тимска работа, истрајност. Работевме како тим, рагби тим, никогаш немало тепачка меѓу нас“.
Заедно со него се спаси и Густаво Зербино кој сега е пресреќен што може да го гледа својот внук како игра рагби за Уругвај. Но ништо немаше да биде можно да не беше Нандо Парадо кој заедно со доктор Канеса, тогашен 19 годишен студент по медицина тргнале да го бараат спасот.
Реално биле без никакви шанси, но со малку сила 10 дена пешачеле по планини, сите повисоки од оние во Европа и поминале околу 130 километри. По целата таа голгота налетале на селанец од Чиле кои им дал храна и кој повикалпомош.
Парадо загубил околу 44 кг или половина од неговата вкупна тежина и така завршила една од најголемите приказни за опстанок и тоа со помош на човечко месо, наречена „Чудото на Андите“.
На презентацијата тој покажа како тим со водечките планинари од САД се качуваат на планината, целосно опремени и нахранети како паралела на тоа што тие го сториле во обид да преживеат.
72 дена по падот на авионот кој се случил на 13 октомври 1972-ра, 16 рагбисти биле спасени и тие го носат духот на мртвите на Андите на светската рагби сцена. На тоа кобно место низ годините наназад се случија многу одбележувања, па дури и партија рагби.