Облечен во дрес на Марчело Салас кој го носи прекарот „Матадор“, чилеанскиот репортер многу навивачки и емотивно се внесува во прослава на титулата. Со камерманот се пика во подтрибинскиот простор на Олимпико, а од фудбалерите на Лацио бара да го имитираат Салас како ги прославува головите. Фантастично и историско видео.