Од 290 голови постигнати за Јувентус, тешко е да се направи куса листа на најдобри голови на еден од најдобрите италијански напаѓачи во историјата. Одбравме 5, сите од 90-те, во чест на неговиот денешен 42 роденден.
Португалскиот гигант Бенфика, кој важи за 26-от најбогат клуб на светот, во 2011-та го купил Виктор Нилсон Линделоф за мала сума, но се испостави дека не платиле една од договорените ставки и Швеѓаните останале кратки за 250.000 евра поради што тешко преживуваат.
Да ги имаш овие бројки од насловот до својата 31 година, навистина треба да го носиш прекарот магнет, бидејќи тоа си и за спонзорите и за фановите. Тие не те оставаат на мира, ама затоа едните те прават ултра популарен со милиони кликови на слика, а другите лудо те кешираат ако се напиеш сок или носиш гаќи во јавност.
Кога клуб по име Интер после 12 минати кола во Серија А има 5 порази и е на 9 место со 13 бода зад лидерот, тогаш очигледно е дека нешто не оди. Но тоа е така веќе шест сезони по ред и навивачите не може повеќе да живеат со старата слава која ја создаде Мурињо.
Навивачите на Ливерпул синоќа против Вотфорд пееа песна која што ја насмеа целата фудбалска јавност. Според нив, тимот е толку добар што и кога би го имале Луис Суарез повторно, тој би седел на клупата за резерви. „Црвените“ играат препородено со Клоп.
Премијата Golden Boy, златно дете на европскиот фудбал се доделува веќе 14 години. Годинава наградата ја доби Ренато Санчез кој минатата сезона играше за Бенфика а годинава стана шампион на Европа и фудбалер на Баерн Минхен.
На денот на својот 30 роденден, поранешниот хрватски репрезентативец Дадо Пршо постигна неверојатни пет гола на меч од Лигата на шампионите. На тој 5. ноември 2003. година Монако го победи Депортиво Ла Коруња со рекордни 8-3. Тоа беше највисоката победа во меч од ЛШ.
За Тоти познато е дека освен што е врвен фудбалер, во Италија е број 1 за редење на гафови, па дури во Рим се продава и книга на таа тема. Ова не е збир само со него, туку и со други грешки каде протагонисти се навивачи и други играчи кои морале да бришат тетоважи.
Ни отказот на Франк Де Бур не ги размрда Нераѕурите кои вечерва го претрпеа петтиот пораз на последните осум средби. Виљареал неочекувано потклекна дома и загуби од турскиот Османлиспор, а Грците не знаат за победа.
На 20 години го скинал менискусот и ја завршил професионалната кариера фудбалер. Од тогаш почнал да учи за тренер и му станал помошник на Томас Тухел, најхипстерскиот тренер во Германија. Со 26 го одбива Баерн Минхен а на 28 години стана најмлад тренер на Бундеслигаш.
Легија Варшава и Реал Мадрид го одиграа највозбудливиот меч во вечерашната ноќ од ЛШ. Пољаците беа на чекор до сензација откако по негатива од 0:2 направија целосен пресврт. Борусија Дортмунд и Севиља се осминафиналисти.
Најдобрите македонски ракометари успешно ги започнаа квалификациите за Европското 2018 во Хрватска, иако вечерва потешко од очекувањата славеа над аутсајдерот Украина 27:21 (13:10).
Откако ја прочитавме приказната за девојкава, прво што сакавме да направиме е паралела, за тоа кој би можел во иста ваква улога да биде кај нас и ни текна на Беличанец како игра за Цементарница 55.
Кога го гледа човек составот на Арсенал, особено нивната навала во напад и резултатите кои знаат да ги направат, особено последнава серија, просто неверојатно е како овој клуб победува и упорно не освојува трофеи.
Италијански стратег не е Италијанец ако не покаже што може да направи со добра тактика која во последно време се покажа како полн погодок, а тоа во превод значи нема примање гол со тројца во одбрана.
Додека Македонија потроши една деценија во именување 9 селекторски имиња или во просек секоја година нов селектор, Германците назначија еден и вреден, а тој со помош на неговото знаење и упорност, како и стратегија и спроведување на германскиот систем на работа ги направи Светски прваци.
Типичен стопер е. Висок, корпулентен, јак, но бавен. За разлика од колегите од одбраната знае да ја изнесе топката понапред и даде неверојатно прецизна долга топка. Просто обожава да дели долги топки напред.
На 21 јануари 2015-та Реал Мадрид плати 3 милиони евра за 16 годишно дете од Норвешка по име Мартин Одегард кој беше претставен со сите можни суперлативи како идна голема фудбалска ѕвезда. Потоа доби посебни привилегии да игра за б тимот на Реал, а да тренира со првиот тим и да зема плата од 80.000 фунти неделно.
Некогашниот репрезентативец кој одигра 43 меча за Англија и постигна 22 гола беше учесник на две Светски првенства. Кога имаше серија од 18 меча без гол, навивачите и новинарите го распнаа, а подоцна се отвори и се изнадава голови.
На првото овосезонско гостување во Лигата на шампионите, ракометарките на Вардар со 31-26 (13-14) го победија рускиот шампион Астраханочка и веќе се на прагот од пласман во следната фаза од елитната ЛШ.
Во таборот на италијанскиот шампион има еден заборавен голман за кој сигурно веќе и управата не знае дека го има. Добил шанса само 30 минути на пријателска и кога го ставиле во игра му се треселе нозете, а кога Кјелини го носел дома со Поршето мислел дека гепекот е позади.
Статистиката може да те уништи медиумски и можеш да бидеш по уште поголем притисок дека треба да победиш или ќе те направи посилен, па потоа никој нема да смее да ти стапне на жуљ. Кај Пеп Гвардиола искуствата го покажуваат ова второто во Ла Лига и Бундеслига.