Промашените тетоважи и гафовите на Венгер и Тоти

За Тоти познато е дека освен што е врвен фудбалер, во Италија е број 1 за редење на гафови, па дури во Рим се продава и книга на таа тема. Ова не е збир само со него, туку и со други грешки каде протагонисти се навивачи и други играчи кои морале да бришат тетоважи.

Промашена тетоважа

Холанѓанецот Елџеро Елија кој играше кусо време за Јувентус, па во Вердер, а од 2015-та е член на Феенорд го освои Купот на Холандија и веднаш замина да направи тетоважа. И се ќе беше во ред ако не го утнеше и името на тимот и датумот, па ајде од ново.

Непријатно славје

Капитенот на Италија Џиџи Буфон по триумфот над Белгија на последното Европско првенство се обеси на пречката од радост, но потоа се лизна и падна на земја.

Неосвоената титула

Навивач на Манчестер Сити беше толку убеден дека неговиот омилен тим ќе ја освои Лигата на шампиони во 2011-та, што реши предвреме да ја истетовира на рака. Тој трофеј Граѓаните никогаш до сега го немаат освоено.

Гафот на Венгер

„Убаво чувство и за него и за нас се разбира“, изјави Арсен Венгер откако наводно Месут Озил бил ставен на листата на 30 кандидати за освојувањето на Златната топка. Единствениот проблем е што Озил е тргнат од листата.

Граматичка грешка

Откако Суарез на Мундијалот во Бразил го гризна Кјелини, навивач реши да направи тетоважа на која пишува „Suarez was ere“ (Суарез беше тука), само проблемот што е голтнал буква.

Лизгав терен

Помошните судии обично се движат нагоре надоле по една линија, ама кога ќе заврне многу не значи дека им е лесно да држат правец.

Латински или англиски?

Новинар со прашање до Тоти: Рома играше доста конкретно во напад и успеа на најдобар можен начин да ги искористи шансите или како што се вели во вакви случаи „Carpe diem“. Тоти: Ве молам не ми зборувајте на англиски, не разбирам.

Лапсус

Пеп Гвардиола како тренер на Барселона пред реванш четвртфиналниот дуел од ЛШ против Шахтјор изјави: Ако победиме, влегуваме во финале.

Лоша математика

Навивач на Ренџерс има тетоважа на која некој не изброил како што треба.

Невнимателост

На голманот на Борусија Менхенгладбах за време на загревањето со својот ментор очигледно паметот му бил на друго место.

4 ноември 2016 - 12:32