Како магариња на мост

Стипсата Бенфика и шведскиот третолигаш

Португалскиот гигант Бенфика, кој важи за 26-от најбогат клуб на светот, во 2011-та го купил Виктор Нилсон Линделоф за мала сума, но се испостави дека не платиле една од договорените ставки и Швеѓаните останале кратки за 250.000 евра поради што тешко преживуваат.

Кога Виктор Нилсон Линделоф дебитирал за Вастерас на 16 години во победата од 3:0 против БК Форвард во 2010-та, во шведскиот третолигаш биле свесни дека имаат бисер во рацете. Дефанзивецот одиграл голема улога во промоцијата во повисок ранг таа сезона, но не поминало долго време за европските гиганти да кружат околу малиот град на 90 минути северо-западно од Стокхолм.

Во 2012-та, 26-от најбогат клуб на светот, Бенфика, го договорила тинејџерот за сума од 60.000 евра со бројни клаузули во договорот со Вастерас. Линделоф брзо се адаптирал, импресионирал во резервниот тим на Бенфика и лани стана стандарден првотимец. „Ова е неверојатен сон“, изјавил младиот Швеѓанец кога заминал за Лисабон.

Но за неговиот клуб, трансферот станал ноќен кошмар.

Критериумот за плаќање на една од клаузулите во договорот на Бенфика и оној на Вастерас се различни. Во договорот стоело дека Португалците требале да платат 250.000 долари кога Линделол ќе настапи на 10 меча како првотимец во португалската Примеира Лига и во Лигата на шампионите. Тој 10-от настап како првотимец го имал уште во април

Вастерас се пожалил во ФИФА, а Португалците извадиле аргумент дека тој договор истекол кога на Линделоф му завршил договорот во 2015-та пред да заигра за првиот тим и дека после продолжувањето на договорот тие немаат веќе никакви обврски кон Швеѓаните.

Проблем се јавува и околу тоа ако ФИФА изгласа во корист на Бенфика, а такви случаи на поголем против посиромашен клуб има многу, тогаш рамноправноста за која се залагаше Инфантино и фудбалските работници нема да држи вода.

Ларс Нилсон, адвокатот на Вастерас вели за Гардијан: „Ова не е правна, туку морална и етичка постапка. Жално е за така мал клуб чијашто иднина зависи од овие пари да биде вака третиран“.

Нилсон очекува ФИФА да пресуди во корист на Вастерас па дри и ако се прекрши статутот на играчкиот Комитет во светската фудбалска унија. Тој пратил документација пред четири недели до ова тело на ФИФА, но не добил никаков одговор.

„Разочаран сум. ФИФА воопшто не реагираше и не ја натера Бенфика да даде одговор. Ветија дека ќе го сторат тоа за кратко време, но нема ништо“, додава Нилсон.

Во секој случај, Бенфика која што не е во контакт со Вастерас уште од кога им одбиле барање од 250.000 евра, сега се колеба дали да им плати.

„Вастерас неотповикливо ги потпиша договорите за регистрација на играчот на 18. јули 2012. година“, тврдат Португалците.

Потпретседателот на Вастерас, Кристина Лифнер, вели дека тие добиле поддршка од Шведската фудбалска федерација која што го следела трансферот пред пет години. „Се плашам дека ќе треба уште година-две да се донесе одлука. Тоа е многу штетно по нас затоа што сме мал клуб и ни требаат пари. Во реалност тие требаше да платат без да прашаат колку треба. Но кога им пративме барање, го одбија и рекоа дека тој договор веќе не е валиден. Зборувавме со многу адвокати и експерти кои се убедени дека сме во право“, вели потпретседателката.

Со оваа сума Вастерас би ги исчистил долговите поради кои не може да се бори за промоција во повисок ранг. Сезонава завршиле шести во Division One Norra, откако лани испаднале од Superettan. Бенфика неодамна го покажа финансиското работење и клубот бил во заработка од 126 милиони евра со што се 26-от најбогат клуб на светот. 35-кратниот португалски шампион тежи околу 500 милиони евра (вкупна вредност), а годишниот обрт на Вастерас е околу 660.000 евра.

„Мал клуб сме. Многу е важно да ги исчистиме долговите за да можеме позитивно да работиме. Парите нема да се користат за купување играч, туку да имаме баланс во сметките“, вели Лифнер.

Клопчето уште повеќе може да се замрси ако Бенфика одлучи некогаш да го продаде Линделоф во иднина, затоа што првичниот договор имал клаузула за процент од идна продажба. Во јануари годинава Швеѓанецот беше близу трансфер во Мидлзборо, но на крајот не испаднало ништо.

Стоперот има договор со тимот од Лисабон до 2020-та година и неговата вредност пораснала откако станал незаменлив во тимот на Руи Виториа. 22-годишниот Линделоф игра и за Шведска од годинава.