ЕЛЕМ ги искористи исклучувањата на Оне.Вип

ЕЛЕМ, Македонски Телеком и Лукоил славеа во третиот ден од 5 коло во Бизнис лигата на Македонија.

Во вистинско дерби Лукоил до победа над Рамстор
Лукоил 3-0(1-0) Рамстор
Лукоил: Дејан Зиков 16’ Жарко Климкаров 29’ Љупчо Апостоловски 36’

Екипите на Лукоил и Рамстор одиграа вистинско дерби. Уште на самиот старт на првото полувреме и двете екипи го користеа голманот како организатор на играта кој се обидуаше да им создаде играч плус во нападот. Во ваквата идентична поставеност екипата на Лукоил успеа да го искористи играчот вишок и преку Дејан Зиков да дојде до предност од 1-0. Екипата на Рамстор промаши неколку отворени шутеви кон голот па Лукоил полувремето го доби со минимлен резултат од 1-0. Во второто полувреме по груб старт кај Лукоил Рамстор остана со играч плус но не успеа да го искористи тоа, по само неколку минути на Лукоил му појде од рака наоѓајки се во истата ситуација и дојде до водство од 2-0 преку Жарко Климкаров. Лукоил продолжи во ист ритам зголемувајќи го водството во финишот од натпреварот на конечни 3-0 преку Љупчо Апостоловски .

Макдеонски Телеком во неизвесна завршница до победа над Фабрика Карпош
Македонски Телеком 6-5(4-2) Фабрика Карпош
Македонски Телеком: Ивица Вељановски 5’ 6’ 33’ Агрон Пацоли 19’ Михајло Лазаревски 20’ Душко Симоноски 38’
Фабрика Карпош: Љупчо Петрушевски 3’ Игор Николовски 18’ Александар Божиков 38’ 39’ 39’

Натпреварот помеѓу екипите на Македонски Телеком и Фабрико Карпош го отвори Љупчо Петрушевски во третата минута кој и донесе водство на екипата на Фабрика Карпош од 0-1, но искуството беше на страната на Македонски Телеком која со смирен напад успеа да направи целосен пресврт и да го добие првото полувреме со резултат од 4-2. Во второто полувреме и покрај одличната игра на Македонски Телеком, Фабрика Карпош успеа да ни приреди драматична завршница изненадувајќи го Македонски Телеком пред се со одлична реализавија во нападот за тоа беше најзаслужен Александар Божиков кој во 38-та минута постигна 3 гола но времето беше на страната на Македонски телеком кој го доби овој натпревар со конечен резултат од 6-5.

ЕЛЕМ ги искористи исклучувањата на Оне.Вип
ЕЛЕМ 7-2(3-1) Оне.Вип
ЕЛЕМ: Антонио Ничевски 9’ 29’ 34’ Димче Димитријески 20’ Павле Маџовски 35’ Ристо Стефановски 36’ Влатко Петровски 18’
Оне.Вип: Бобан Несторовски 38’ Антонио Апостоловски 9’

Екипата на Оне.Вип во дуелот со ЕЛЕМ одлично го отвори натпреварот постигнувајќи гол во раната фаза преку Антонио Апостоловски. Екипата на ЕЛЕМ успеа да го консолидира своите редови и да заигра фокусирано во нападот што и овозможи шансите кои ги имаше да ги претвори во гол па на полувремето стекна предност од 1-3. Во второто полувреме ЕЛЕМ играше со голман играч со што успеа да го изненади Оне.Вип и да стигне до високо водство. Мора да напоменеме дека Оне.Вип во два наврати остана со играч помалце што беше максимално искоритено од страната на екипата ЕЛЕМ коа го доби овој натпревар со 7-2.

3 ноември 2016 - 10:50