Челси се препороди откако Конте ја смени формацијата

Италијански стратег не е Италијанец ако не покаже што може да направи со добра тактика која во последно време се покажа како полн погодок, а тоа во превод значи нема примање гол со тројца во одбрана.

Откако Челси влезе во мини лоша серија од три кола во кои ремизираше со Свонси и загуби од Ливерпул и Арсенал, потоа успеа да се рехабилитира со четири победи по ред во Премиер лигата.

Кога се работи за италијански тренер тоа не значи одма по автоматизам дека ќе постави дефанзивна игра, туку напротив Конте ја смени формација во 3-4-3 и неговиот тим на последните четири средби не прими гол, а постигна 11.

Победите не се за потценување бидејќи ги оствари против четири екипи од кои три играат во Европа. Тоа се Хал 0:2, Лестер 3:0, Манчестер Јунајтед 4:0 и Саутемптон 0:2 и со оваа серија се доближи на само бод до лидерската позиција која ја делат Манчестер Сити, Арсенал и Ливерпул.

Антонио Конте ги исфрли Ивановиќ и Тери од прв тим и на последните четири натпревари во одбрана му даде доверба на триото Аспликуета – Луиз – Кејхил. Триото во напад го сочинуваат Азард, Коста и Педро, а во средина првотимски му се Канте, Матиќ, Мозес и Маркос Алонсо Мендоза.

Интересно е што во овој состав Сините од Лондон освен што се беспрекорни во напад, одлично се организирани и во одбрана. Тоа што не примиле гол на четири меча се должи на податокот кој вели дека на последните четири средби дозволиле само 8 удари во рамки на гол.

1 ноември 2016 - 15:49