Ковачиќ го спаси Реал Мадрид од срамен пораз во Варшава
Легија Варшава и Реал Мадрид го одиграа највозбудливиот меч во вечерашната ноќ од ЛШ. Пољаците беа на чекор до сензација откако по негатива од 0:2 направија целосен пресврт. Борусија Дортмунд и Севиља се осминафиналисти.